Спорт
Мајк Тајсон ги налути Полјаците: Вашето страдање е ништо во споредба со тоа на црнците (видео)
Боксерската легенда Мајк Тајсон предизвика контроверзи на промотивната турнеја низ Полска, откако изјави дека на Полјаците „не им се случило никакво ср.ње“ во споредба на дискриминацијата низ која поминале Афроамериканците во САД.
52-годишниот поранешен апсолутен шампион во тешка категорија беше во Варшава како дел од промоцијата на енергетскиот пијалок „Блек енерџи“. Планот беше спонзорот да го однесе Тајсон на посета на историски места посветени на востанието во Варшава против нацистите во 1944 и локации поврзани со холокаустот.
Одговарајќи на критиките на полските активисти дека компанијата бесрамно ја користи историјата на Втората светска војна, Тајсон ги спореди полските трагедии со тие на црните Американци.
„На вас Полјаците не ви се случи никакво срање во споредба со тоа што се случуваше со црните луѓе во Америка. Никој не ве држеше како робови 250 ебани години. И не ви ја силуваше мајката, сестрата и братот пред тебе пред да ги убијат. Тоа што ви се случи беше навистина лошо, но никој не е повеќе прогонуван од црните луѓе“, изјави Тајсон.
„Kto wie więcej o prześladowaniach niż ciemnoskórzy?” – tak Mike Tyson odpowiada na zarzuty, że nie powinien brać udziału w filmie o powstaniu warszawskim. Wkrótce na portalu https://t.co/4oYRjx3w5F cały wywiad z amerykańskim bokserem#wieszwięcej pic.twitter.com/DR16xOOyzD
— portal tvp.info ?? (@tvp_info) June 26, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

