Спорт
Мајката на Роналдо „забранува“ тој да се ожени со Георгина?

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо е главната причина што тој не е во брак со сегашната партнерка Георгина Родригез тврди шпанска „Марка“, бидејќи таа верува дека Шпанката родена во Аргентина има „економски мотиви“.
Португалецот одамна живее со Георгина, со која дели семеен живот во Манчестер, каде што живеат со децата на Роналдо, Кристијано Јуниор, Ева и Матео, како и заедничката ќерка Алана. При неодамнешната најава на новиот документарец на „Нетфликс“, „Јас сум Георгина“, неговата партнерка призна дека очекува свадба.
Според „Марка“, Авеиро смета дека двајцата не треба да се венчаат бидејќи мотивот на Георгина е да ги искористи парите на Роналдо, а истото мислење го делат и сестрите на португалската мегаѕвезда.
Dolores Aveiro “recomienda” a Cristiano Ronaldo que no se case con Georgina Rodríguez: “Solo quiere dinero” https://t.co/T7wmxXvRXa
— MSN España (@msn_es) September 29, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити лесно го реши Јунајтед во градското дерби

Манчестер сити го доби градското дерби против Јунајтед со 3:0 во четвртото коло, во Премиер лигата. Блескаше стрелецот на два гола Ерлинг Халанд. Менаџерот на Сити, 26. пат го водеше својот тим во дуелите со градскиот ривал и ја забележа 14. победа.
Манчестер сити, против градскиот ривал ја прекина серијата од два порази, ја забележа втората победа во сезоната и напредуваше на табелата. Јунајтед, остана на 14.место, откако го забележа вториот пораз. Екипата на Рубен Аморим има победа и реми, одононо четири бода.
На голот на „граѓаните“ дебитираше Џанлуиџи Донарума. Се истакна во вториот дел, кога со убава парада го одбрани волејот на Брајан Мбумо.
Фил Фоден го постигна првиот гол на натпреварот во 18.минута, а потоа Ерлинг Халанд им донесе победа на „Граѓаните“ со своите два гола. Џереми Доку забележа две асистенции.
Норвежанецот моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата со пет гола, по него следуваат Виктор Ѓекерес (Арсенал) и Антоан Семењо (Борнмут) со по три.
Халанд ја продолжи својата голгетерска форма, постигнувајќи гол против Финска во пријателски натпревар во националниот тим, додека постигна пет гола во победата од 11:1 над Молдавија.
Foto/ EPA
Спорт
Јанис и дружината ја освоија бронзата на ЕП

Грција го освои бронзениот медал на 42. Европско првенство во кошарка. Во „малото финале“, во Рига, Грција ја победи Финска со 92:89 (24:15, 24:19, 21:22, 23:33). За Грција ова е прв медал по пауза од 16 години, во 2009 година во Полска исто така оваа репрезентација беше бронзена.
Грците го диктираа темпото речиси во текот на целиот натпревар, иако момците на Ласе Туови пружија добар отпор. Ова особено се почувствува во првото полувреме, но играчите предводени од тренерот Василис Спанулис не ја испуштија двоцифрената предност во третата и речиси во целата четврта четвртина.
Неверојатно е како Грците им дозволија на Финците да се вратата во мечот. Речиси ја подарија победата. Лаури Марканен погоди тројка на 98 секунди до крајот, а потоа тројка погоди и Елијас Волтон за 86:79.
Драмата започна да кулминира кога Оливие Нкаму со тројка намали на 86:82 на 54 секунди пред последниот звук на сирената, но веќе четири секунди подоцна Јанис Адетокунбо постигна 2+1 за 89:82. Марканен повторно погоди тројка и резултатот беше 89:85. Јанис ја загуби топката во нападот на Грците, а потоа Миро Литл беше фаулиран. По слободните фрлања на 20 секунди до крајот на натпреварот, резултатот беше 89:87.
По ова следеше прекршок врз Костас Слукас, кој го промаши второто фрлање и сериозно го загрози сè што градеа Грците.
Како шлаг на тортата дојде прекршокот на Костас Папаниколау за три слободни фрлања. Елиас Валтонен, го промаши последното од трите фрлања, но топката падна во рацете на Јантунен, кој од три метри промаши чист зицер за предност на Финска. Јанис беше највисок во скокот, доби прекршок и не ги промаши фрлањата за победа.
Адетокунбо заврши со 30 поени, 17 скока и шест асистенции за 31 минута на паркетот.
Се истакна и натурализираниот бек на Олимпијакос, Тајлер Дорси, кој беше заслужен за 20 поени – 7/12 од поле и одлични 5/9 од три. Василеос Толиопулос, новото засилување на Панатинаикос, постигна 15 поени.
На Финска не ѝ помогна тоа што имаше дури четири кошаркари со двоцифрен учинок во своите редови. Марканен забележа 19 поени и 10 скока, Валтонен, постигна еден поен помалку, Нкамуа даде 15 поени, а Јантунен уфрли 13 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакл во трката на 100 метри – Облик Севил е светски првак

Облик Севил од Јамајка е светски шампион на 100 метри. Во финалето на Мундијалот во Токио истрча 9,77.
Севил беше одличен и во квалификациите и во полуфиналето, но никој не му даваше шанси во финалето.
Сепак, тој блесна на патеката. Пред 70.000 луѓе во финишот, успеа да го надмине сонародникот Кишан Томпсон, кој мораше да се задоволи со сребро. Заостануваше пет стотинки зад победникот.
Ова е прва титула за Јамајка на 100 метри, од триумфот на легендарниот Јусеин Болт во 2017 година. Патем, светскиот рекордер беше во Токио за да го гледа во живо двојниот триумф на своите сонародници.
Актуелниот шампион Американец Ноа Лајлс беше трет со 9,89, додека олимпискиот вицешампион Лесли Тебого од Боцвана беше дисквалификуван поради грешка на стартот.
Foto/ EPA
Oblique Seville 🇯🇲 is the World 100m Champion!!🥇🥇
🥇 Oblique Seville 🇯🇲 9.77 (PB)
🥈 Kishane Thompson 🇯🇲 9.82
🥉 Noah Lyles 🇺🇸 9.89pic.twitter.com/1yV72I6UYJ— Track & Field Gazette (@TrackGazette) September 14, 2025