Контакт

Спорт

Мајорка гледа кон Сегунда, не помогна ни пеналот на Трајковски (видео)

Објавено пред

Екипата на Мајорка каде настапува македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски се поблиску е до испаѓање од елитната конкуренција во шпанскиот фудбал.

Атлетик Билбао предмалку со 3-1 славеше против Мајорка во вториот меч од 32-то коло.

Нашиот фудбалер влезе во второто полувреме, во 58 минута. Внесе живост, врз него беше направен и пенал кој во 69 минута Будимир го претвори во гол за намалување на тогашното водство на Атлетик на 2-1, но тоа беше премалку за Мајорка да го сврти резултатот во своја полза.

Уште во првиот дел, Билбао со головите на Гарсија (пенал) и Санцет водеше со 2-0.

До крајот на мечот, по пеналот на Мајорка, домашните фудбалери преку Вилалибре во 90 минута ги поставија конечните 3-1.

За Атлетик оваа победа значеше пробив на 9-тата позиција на табелата, додека Мајорка го доживеа четвртиот пораз во 5 меча (досега само една нерешена) по продолжението на сезоната. Екипата ја очекува грчевита борба за опстанок.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Олуџоби и наредната сезона ќе игра за МЗТ

Објавено пред

Американецот Феми Олуџоби (24 години, 206 см) потпиша нов едногодишен договор МЗТ, со можност тој да биде продолжен за уште една сезона.

Крилниот центар во Аеродром дојде во февруари годинава и за нецел месец, до прекинот поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, успеа да покажа дека има квалитет за да го носи дресот на МЗТ.

Олуџоби настапи на три средби во АБА2-лигата со просек од 16 поени и осум скока, како и на два меча во Првата лига, во кои просечно реализира 16,5 поени и пет скока. Пред да дојде во „Јане Сандански“ тој неколку месеци одигра во Литванија, и тоа за екипата на Лиеткабелис, а претходно во американската НЦАА-лига, настапуваше за Оукленд колеџот, Универзитетот АиТ од Северна Каролина и за Универзитетот „Депол“.

Тој е седми сигурен кошаркар во ростерот на тренерот Ѓорѓи Кочов за новата сезона кога претходно беа обновени договорите со капитенот Дамјан Стојановски и со Андреј Маслинко, беа ангажирани Филип Бакоч и Адем Мекиќ, а од минатата сезона договорни обврски имаат уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

извор/mztskopjeaerodrom.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Одлуката на ЦАС, крај на правилото за финасиски фер-плеј

Објавено пред

Првиот ден од неделата во светот на спортот го обележа одлуката на Судот за спортска арбитража (ЦАС) драстично да ја намали казната што на Манчестер сити му ја изрече УЕФА. Наместо парична казна од 30 милиони евра и забраната за настап во европските купови во наредните две сезони, Манчестер сити ќе треба да плати 10 милиони евра.

На „Итихад“ се презадоволни од одлуката на ЦАС, додека бројни луѓе од светот на фудбалот велат дека со својата одлука судот од Лозана и задал жесток удар на УЕФА и правилото за финансиски фер-плеј.

Спортскиот уредник на Би-би-си Ден Роан рекол дека „ова е најдобриот резултата на Манчестер сити оваа сезона.“ Тој дополнил дека одлуката на ЦАС „го нарушува кредибилитетот на правилото на УЕФА за финансиски фер-плеј.“

Неговиот колега Сајмон Стоун вели дека ова е голема победа на Манчестер сити и дека го оправдува оптимизмот на Пеп Гвардиола по мечот со Брајтон одигран во саботата. И тој како и Роан смета дека одлуката го урива концептот на УЕФА за финансиски фер-плеј, но ја урива и идејата за еднаквост меѓу клубовите.

Поранешниот фудбалер Гери Линекер смета дека по оваа одлука правилото за финансиски фер-плеј нема да опстане.

„Не верувам дека УЕФА ќе закрепне од оваа одлука на ЦАС“, рекол Линекер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кепа си оди од Челси?

Објавено пред

По убедливиот пораз на Челси кај Шефилд Јунајтед со 3-0 се крена голема врева на Островот. Шефилд им прочита лекција на „сините“ и се чини го затвори прашањето дека им треба нов голман.

Шпанскиот чувар на мрежата, Кепа Аризабалага во неколку ситуации делуваше несигурно. Сигурно многу повеќе се очекуваше од најскапиот светски голман.

Челси веќе бараат решение за негова замена. Можноста на „Стемфорд Бриџ“ да дојде Дин Хендерсон кој од Јунајтед е на позајмица во Шефилд делува како невозможна мисија.

Контактиран бил и Трабзонспор за голманот Чакир, но медиумите во Лондон пишуваат дека прва мета е Андре Онана, од Ајакс.

Чуварот на мрежата на холандскиот клуб наводно постојано е во контакт со челниците на Челси.

Камерунецот наводно би можел за 26 милиони да прејде во клубот, за разлика од Кепа за кого „сините“ платија дури 71 милион фунти.

Останува отворено прашањето што ќе биде со шпанскиот голман. Се споменува враќање во Баскија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

До 15 часот гласале 340 лица заразени со коронавирус или во самоизолација

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Државната изборна комисија соопшти дека досега гласањето се одвива...

Топ1 час

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 час

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија2 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет5 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа6 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ7 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ7 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија7 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион8 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион8 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет8 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет9 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион10 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија10 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија23 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ1 ден

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет1 ден

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Досие