Спорт
Мајорка го изненади шампионот на Ла Лига
Атлетико Мадрид доживеа непријатен пораз (1:0) на гостувањето кај Мајорка. Тимот на Диего Симеоне можеби не очекуваше толку мотивиран состав против себе, но, сепак, Мајорка се бори за опстанок во шпанската елита.
Ведат Муричи од пенал беше стрелец на победничкиот гол за Мајорка на овој меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИФА загуби на суд, се подготвува ли револуција во трансферите?
Врховниот суд на Европската унија (ЕУ) пресуди дека некои правила на ФИФА за трансфери на играчи се во спротивност со законодавството на ЕУ.
Одлуката доаѓа откако поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара правно ги оспори правилата на ФИФА по спорот со клубот кој датира од пред десет години.
Диара тврдише дека поради ограничувањата на ФИФА тој не можел да најде нов клуб откако неговиот договор со Локомотив Москва беше раскинат во 2014 година.
Правилата на ФИФА велат дека ако играчот го раскине договорот без „праведна причина“, играчот и секој клуб што сака да го потпише се заеднички одговорни за плаќање на отштета на претходниот клуб.
„Тие правила го попречуваат слободното движење на играчите и конкуренцијата меѓу клубовите. Правилата за кои станува збор се такви што го попречуваат слободното движење на професионалните фудбалери“, се вели во соопштението на судот.
Судот додаде дека сегашните правила „наметнуваат значителни правни ризици, непредвидливи и потенцијално многу високи финансиски ризици, како и големи спортски ризици за играчите и клубовите што сакаат да ги вработат и кои ги попречуваат меѓународните трансфери на играчи“.
Диара потпиша четиригодишен договор со Локомотив, кој беше раскинат една година подоцна, откако Диара не беше задоволен од намалувањето на платата.
Локомотива бараше отштета од ФИФА, а Диара поднесе противтужба, барајќи компензација за неисплатените плати.
Судот за спортска арбитража во Лозана, пресуди дека клубот го раскинал договорот со Дијара „со оправдана причина“ и на играчот му беше наложено да плати 10,5 милиони евра.
Диара тврдеше дека неговата потрага по нов клуб била попречена со правилата на ФИФА кои предвидуваат дека неговиот нов клуб ќе биде заеднички одговорен за плаќање на отштета на Локомотив.
Спорт
По Дембеле Енрике на ладење ќе го испрати и Донарума
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике сериозно размислува да го пресели Џанлуиџи Донарума на клупата за резерви.
Весникот „Лекип“ пишува дека Шпанецот бил бесен на Италијанецот по неговото слабо издаие во поразот од Арсенал и дека сака промена на голот.
Луис Енрике летово инсистираше да добие уште еден голман, па Русинот Матвеј Сафонов пристигна за 20 милиони евра од Краснодар.
Тој дури доби шанса на три натпревари оваа сезона, а сега повторно би можел да го замени Донарума.
Не треба да заборавиме дека во ПСЖ настапува и младиот Арнау Тенас, голман кој потекнува од академијата на Барселона, кој минатото лето дојде како слободен играч кога не доби нов договор. Тој подоцна беше херој во походот на злато на Олимписките игри во Париз.
Да потсетиме, Луис Енрике поради недисциплина и непочитување на тимот, на гостувањето кај Арсенал беше без Усман Дембеле кој остана во Париз.
Спорт
(Видео) Црногорскиот Суарез казнет со осум натпревари поради гризење на ривалот
Дисциплинската комисија задолжена за Чемпионшип ја донесе одлуката по инцидентот што се случи на натпреварот помеѓу Престон и Блекбурн, кога репрезентативецот на Црна Гора, Милутин Осмајиќ го гризна противничкиот играч.
„Осмајиќ ќе мора да паузира осум натпревари, ќе мора да плати 15 илјади фунти“, објави „Скај Спортс“
Казната можеше да биде далеку, пострига, но олеснителна околност претставува тоа што Осмајиќ беше тоа што ја прифати тужбата и изрази каење за инцидентот.
Од клубот најавија дека ќе разговараат со поранешниот фубалер на Сутјеска од Никшиќ.
Во меѓувреме, додека ќе паузира од натпреварите во англиското првенство, Осмајиќ го очекуваат дуелите со црногорската репрезентација во Б дивизијата од Лигата на нации против Турција и Велс на гостински терен.
Genuinely bizarre this. Assume Osmajic will face further action but not 100% sure he can having been booked for the incident. pic.twitter.com/moO0R5ifn8 https://t.co/Va1pmsXBp3
— Jack Lusby (@LusbyJack) September 22, 2024