Спорт
Македонските клубови ги дознаа можните противници во европските купови
Фото/ ffm.mk
Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници за првото квалификациско коло. Шкендија ќе стартува во Лигата на шампионите, ждрепката е во 14 часот во Нион, а останатите три екипи ќе се натпреваруваат во Конференциската лига. Ждрепката ќе се одржи од 16 часот во Нион.
Шкендија нема да биде носител, се наоѓа во групата 1, а моѓе да игра против: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) или ТНС (Велс).
Кога ќе се погледнат можните противници, впечаток е дека Вардар најдобро помина, а дека пред тешка задача ќе имаат Силекс и Работнички.
Во групата 2 можно противници на Силекс се Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урарту (Ерменија).
Вардар, кој по седум години се враќа во европските купови, во групата 3 за противник може да добие еден од овие тимови: Дуделанж (Луксенбург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Фиорита (Сан Марино).Работнички ги чека противниците во групата 6, можни ривали се Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо (Белорусија) и Борац Бања Лука.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17.јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раониќ официјално замина во пензија
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата.
Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто.
„Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов и опсесија поголемиот дел од мојот живот“, напиша Раониќ.
Негова најдобра година беше 2016 година. Покрај финалето на Вимблдон, каде во полуфиналето беше подобар од Роџер Федерер, тој играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и на Завршниот Мастерс, финалето на Индијан Велс и ја заврши годината на третото место.
„Мамо, тато, Јелена и Момир, вечно ви сум благодарен што во многу моменти ги ставивте вашите животи настрана за да имам можност да го остварам мојот сон. Ова стана реалност само благодарение на вас. Ништо од ова не би било можно без вашиот постојан напор и емоционалната поддршка што ја вложивте во моите соништа. Колку и да сум среќен што го пронајдов тенисот, тоа бледее во споредба со тоа колку сум среќен што ве имам вас како мои родители, сестра и брат. Се надевам дека ќе ги правам мојата сопруга и син горди секој ден и дека ќе можам да бидам семејство за нив, како што бевте вие за мене“, додаде тој, меѓу другото.
Последен пат играше на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што загуби од Доминик Кепфер во првото коло.
Спорт
Ѓорческа успешно стартуваше во квалификациите за АО
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Австралија опен, првиот гренд слем турнир во сезоната.
Ѓорческа, во првата рунда, ја победи 100 места подобро пласираната, Сиња Краус од Австрија.
За 62 минути, Ѓорческа победи со 2:0 (7:5, 6:0).
Мечот беше рамноправен до 5:5 во првиот сет, Ѓорческа во 12-от гем направи брејк го освои сетот, а потоа во вториот ја збриша својата противничка.
Ѓорческа во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек (151 на ВТА листата) од Словенија.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
Поранешен играч ќе го преземе Манчестер Јунајтед
Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, тимот привремено го презеде Дарен Флечер, кој не успеа да го „врати во живот“.
„Црвените ѓаволи“, одиграа 2:2, кај Барнли во Премиер лигата и доживеа елиминација во третото коло во ФА купот. Вчера Јунајтед загуби од Брајтон, на домашен терен (1:2).
Клупските челници интензивно се во потрага по нов менаџер, откако и Флеер изјави дека на тимот му е потребен вистински лидер.
Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед, но се чини дека клупските челници имаат поинакви планови.
Прва опција за нов тренер е во моментов е Мајкл Карик, кој одржуваше позитивен контакт со групацијата „ИНЕОС“, под водство на Сер Џим Ратклиф, објавуви Фабрицио Романо.
Мајкл Карик веќе беше на клупата на Манчестер Јунајтед, како помошник на Оле Гунар Солскјер, а кога Норвежанецот беше отпуштен, тој го водеше тимот десет дена пред Ралф Рангник да биде назначен за нов менаџер.

