Спорт
Македонија играше едно полувреме, на крајот убедливо загуби од Унгарија
Македонската женска ракометна репрезентација го заврши учеството на Европското првенство. Во последното коло од А групата, Македонија загуби од Унгарија со 19:29 (10:11).
30 минути добра игра не беа доволни македонските ракометарки да приредат изненадување против домашната репрезентација.
Првиот дел беше егал, дури во еден момент Македонија имаше два гола предност (8:6), но на паузата Унгарките заминаа со гол предност.
Вториот дел беше исклучително лош за Македонија, во водените седум минути од овој период Унгарките постигнаа пет гола, а потоа уште повеќе го засилија темпото и дојдоа до двоцифрена предност (13:23).
Селекторот Грчевски ја потенцираше лошата игра во второто полувреме, за во иднина најави и промени во составот.
„Некои ракометарки ќе треба малку да се замислат дали навистина заслужуваат да бидат во репрезентацијата“, истакна селекторот.
Настапот на Европското првенство Македонија го заврши со еден освоен бод, против Турција (25:25).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсенал ќе го пречека Манчестер јунајтед во ФА купот
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во третото коло од ФА Купот, беше одлучено со денешната ждрепка.
Третото коло е првото коло во кое се вклучуваат и најсилните тимови од Премиер лигата, а ждрепката веднаш ги спои Арсенал и Манчестерј, како и Астон Вила и Вест Хем.
Манчестер сити помина добро, ќе го пречека нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи ќе му биде домаќин на Моркамб.
Натпреварите од третото коло во ФА Купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари.
Титулата ја брани Манчестер јунајтед кој во ланското финале го совлада Манчестер сити.
🏴🏆 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | FA Cup 3rd round draw in full! pic.twitter.com/Io98nbKTlz
— EuroFoot (@eurofootcom) December 2, 2024
Спорт
Синер се соочува со суспензија за Ролан Гарос и Вимблдон?
Светскиот тенисер број еден Јаник Синер може да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, па дури и ако Светската антидопинг агенција одреди пократка суспензија.
Италијанскиот тенисер уште во март беше позитивен на анаболичен стероид клостебол. Сеправдаше дека тој не е виновен туку неговиот физиотерапевт. Забранетата супстанца се наоѓала во маста која ја користел тој за малата рана што ја имал на раката.
„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според важечките правила. ВАДА бара период на неподобност од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на резултатите, освен оние што се веќе изречени од првостепениот суд“, се вели во соопштението.
Она што во овој момент е добро за Синер е што сослушување нема да има до февруари, што значи дека Италијанецот ќе може да учествува на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, каде што ќе има можност да ја одбрани титулата.
Ако Синер добие суспензија, тоа би било голем удар за неговата кариера, но има шанси да добие пократка суспензија доколку биде сослушан од Судот за спортска арбитража во Лозана.
Спорт
Миовски во тимот на месецот во Ла Лига
Бојан Миовски, напаѓачот на Џирона, се најде во идеалниот тим на месецот во Ла Лига. Миовски заедно со соиграчот Брајан Хил блесна во малото каталонско дерби. Џирона го победи Еспањол со 4:1, а Миовски постигна два гола и заблежа една асистенција.
За она што го одигра во ноември во дресот на Џирона, македонскиот репрезентативец доби просечна оценка 7,50. Покрај него и Хил, во тимот на месецот се најде и нивниот соиграч Иван Мартин.
🇪🇸 La Liga Team of the Month pic.twitter.com/3ORNfiEQbE
— WhoScored.com (@WhoScored) December 2, 2024