Спорт
Македонија ја пречекува Ерменија – селекторско деби за Милевски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја продолжува борбата за пласман на Светското првенство во Катар. Во рамките на четвртото коло во Групата Ј на Македонија ќе ѝ гостува лидерот Ерменија.
Дуелот со Ерменија ќе биде дебитански за новиот селектор Благоја Милевски, кој на клупата го наследи Игор Ангеловски. Исто така, од овој меч Македонија ќе настапува без легендата Горан Пандев. Гоче се повлече од националниот тим по завршувањето на Европското првенство.
За очекување е лидерската улога на теренот, што ја имаше Пандев, да ја преземе Елиф Елмас. Исто така, во нападот се очекува да почне Адис Јаховиќ, кој поради недоразбирањата со претходниот селектор, не играше за репрезентацијата.
Ерменците во Скопје допатуваа во најсилниот состав, предводени од Хенрик Мхитаријан, кој не играше во првите три натпреври.
Ерменија, изненадувачки, со три победи ја предводи Ј-групата. По две победи и пораз имаат Македонија и Германија, Романија и Исланд забележаа победа и два пораза, а аутсајдерот Лихтенштајн ги запиша сите три порази.
По дуелот со Ерменија, Македонија ја очекува гостувањето во Рејкјавик кај Исланд на 5 септември, а потоа и натпреварот со Романија во Скопје на 8 септември.
Фото/ ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Што и треба на Македонија за пласман на Светскто фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол.
По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс. Победа на Велс би бил најповолен исход за Македонија, која потоа со победи против Казахстан и Велс би обезбедила директен пласман на Мундијалот.
Следен натпревар: Македонија – Казахстан во Скопје (20:45 ч.), а потоа големото гостување во Велс на 18 ноември.
Спорт
Одложени кошаркарски натпревари поради локалните избори

Сите кошаркарски натпревари во младинска и сениорска конкуренција закажани од 14 до 19 октомври се одложуваат поради претстојните локални избори во Македонија.
Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека полициските службеници ќе бидат целосно ангажирани за обезбедување на изборниот процес.
Натпреварите ќе се одржат во нови термини од 20 до 22 октомври. Доколку клубовите се договорат, мечот може да биде одигран и по овие датуми, но само со писмена согласност и најдоцна до почетокот на следното коло (25–26 октомври).
Спорт
Позната е каква е состојбата со Мбапе

Килијан Мбапе мораше да го напушти теренот во финишот на Франција – Азербејџан поради болка во зглобот, но лекарите потврдија дека нема причина за загриженост.
Првиот стрелец на Реал Мадрид веќе имал слични тегоби, како на дуелот со Виљареал, но тоа не го спречи да постигне гол. Французинот ќе биде подготвен за следниот натпревар, а пред повредата го отвори резултатот за својата репрезентација.