Спорт
Македонија ќе игра пред полни трибини на „Олд Трафорд“

Македонија во понеделник, во квалификациите за ЕУРО 2024 гостува во Англија. Натпреварот ќе се одигра на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Англичаните во саботата објавија дека сите билети се распродаден.
Македонија во Манчестер ја очекува пеколна атмосфера, на „Олд Трафорд“ ќе ја пречекаат 74.300.
Македонија трет пат гостува во Англија, претхдните две гостувања беа успешни, 0:0 во Манчестер и 2:2 во Саутемптон.
Англија ќе ја пречека Македонија од лидерската позиција во Ц-групата. „Гордиот албион“ има максимални девет бода, Македонија, исто како Украина и Италија има три бода по два одиграни натпревари. Малта е последна без освоен бод.
Фото/ ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На Донарума му понудиле 20 милиони евра по сезона

Џанлуиџи Донарума минатата сезона беше совладан 43 пати на 47 натпревари, при што на 17 натпревари не прими гол. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и Купот на Франција. И покрај споменатите успеси, се зборува за можна разделба на ПСЖ и италијанскиот репрезентативен голман.
Проблем за „светците“ е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и можноста на крајот да остане без никаква отштета, доколку одлучи да си замине како слободен играч.
ПСЖ не сака да му се случи Мбапе и да остане без важен играч, а да не добие обесштетување.
Најсериозен интерес покажува Манчестер јунајтед, пишуваат англиските медиуми, но тој клуб не е единствениот што би сакал да го доведе Донарума. Тоа веќе беше споменато претходно во контекст на трансферот во Галатасарај, има интерес и од Саудиска Арабија.
Според информациите, двата клуба му нудат по 20 милиони евра по сезона.
Спорт
Бриџис за 150 милиони ќе остане во Њујорк

Микал Бриџис се договори со челниците на Њујорк Никс за продолжување на соработката.
Бриџис ќе го носи дресот на тимот од „Големото Јаболко“ во следните четири години, а за тоа ќе добие 150 милиони долари. Според договорот, клубот нема право да го продаде во првите шест месеци.
Бриџис е една од најважните алки во обидот да се изгради тим способен да ја освои титулата. Минатата година имаше просек од 17,6 поени, 3,7 асистенции и 3,2 скока.
Познат е и по тоа што не пропушти ниту еден натпревар во кариерата, ниту на колеџ, ниту во НБА. Одигра 556 натпревари во најсилната лига во светот.
Пред Њујорк, ги носеше дресовите на Финикс Санс и Бруклин Нетс.
Фото/ Принскрин
Спорт
12-годишно девојче од Кина освои медал на Светското првенство

Кинеската ученичка Зиди Ју (12) стана најмладата пливачка во историјата што освоила медал на Светското првенство во водени спортови.
Ју освои бронза откако Кина го освои третото место во штафетата 4×200 метри..
Дванаесетгодишната Ју, која не се натпреваруваше во финалето во четврток, пливаше во квалификациите за женска штафета 4×200 метри слободен стил претходно оваа недела, со што стекна право на медал.
Кина заврши трета во финалето во Сингапур, зад САД и шампионската штафета на Австралија.
Таа е најмладата освојувачка на медал на голем меѓународен настан од Инге Соренсен од Данска, која освои бронза на Олимписките игри во 1936 година во дисциплината 200 метри градно, помалку од еден месец по нејзиниот 12-ти роденден.
„Доста сум емотивна, се чувствувам добро“, рече Ју.
Девојчето ќе наполни 13 години во октомври, беше блиску до индивидуален успех во финалето на 200 метри градно во четврток, но за малку не успеа да освои медал, завршувајќи на четвртото место.
Во мај, Ју постави светски рекорд за 12-годишници во индивидуално пливање на 200 метри со време од 2:10,63 минути, што ја натера Светската пливачка федерација да ја нарече „сензација“ на социјалните мрежи.
Фото/ Принскрин