Спорт
Македонија остана без победа против Унгарија – Белскаа Кузмановски и Митревски
Ракометната репрезентација на Македонија испушти победа против Унгарија во првото коло на 29.Светско првенство. Во Д групата, во Вараждин, Македонија и Унгарија одиграа 27:27 (14:14).
Македонија може да жали, испушти побада против Унгарија. Во последите 45 минути, Македонија влезе со напад и гол предност. По тајм-аутот на селекторот Лазаров, Македонија лошо одигра во нападот им овозможи контра на Унгарците, а Фазекаш го постави конечниот резултата на 15 секунди до крајот.
Блескаа вечерва во нашата репрезентација капитенот Филип Кузмановски со 10 гола и ветеранот Митревски кој имаше 14 интервенции.
За два дена во второто коло, Македонија ќе игра против Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Форест и Јунајтед ремизираа, Арсенал лесно се справи со Барнли
Фудбалерите на Нотингем Форест и Манчестер Јунајтед ремизираа во дербито од 10-то коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ пристигнаа на „Градскиот стадион“ во одлично расположение со три победи во првенството и четири во последните пет натпревари.
Касемиро ги доведе гостите во водство во 34-та минута.
По 536 минути без гол, проклетството играчите на Шон Дајч конечно го скршија на почетокот од второто полувреме. За само две минути, Морган Гибс-Вајт и Николо Савона му донесоа пресврт на домашниот тим.
Тоа не беше доволно за сите три бода, бидејќи Амад Дијало ги постави конечните 2:2 во 81-та минута.
Во другите натпревари, Арсенал ја заврши работата против Барнли (2:0) во првото полувреме со головите на Виктор Ѓокереш и Деклан Рајс и со тоа ја зголеми предноста на водечката позиција.
Вулверхемптон продолжи да се мачи и го забележа осмиот пораз во првите 10 средби, овој пат против Фулам доживеа пораз (3:0).
Брајтон го победи Лидс со 3:0, со головите на Дени Велбек и Диего Гомес (2). Тоа беа првите голови на Парагвајецот за „Галебите“ откако му даде четири гола на Барнсли во купот.
Спорт
149 судии суспендирани во Турција поради, имале налози во обложувалници
Големиот скандал во Турција околу фудбалските судии кои имаат налози во обложувалници доби епилог. Турската фудбалска асоцијација суспендираше 149 судии поради поседување налози за обложување.
Неодамна беше откриено дека од 571 фудбалски судии во Турција, дури 371 имаат налози за обложување. Од нив, 152-ца се активни.
Казните за овој прекршок се суспензија помеѓу осум и 12 месеци. Турската фудбалска асоцијација сè уште ги истражува тројцата преостанати судии кои имаат активни налози за обложување.
„Ова е морална криза на турскиот фудбал. Нема пофундаментална структура и јадро во турскиот фудбал од етичката. Прашајте било кој судија дали некогаш платата му доцни. Ако тоа не е точно, веднаш ќе поднесам оставка. Ги зголемивме платите, ги подобривме условите за судиите“, рече претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу.
Спорт
Џенова го отпушти Виера
Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виеира повеќе не е тренер на Џенова, објави во саботата клубот кој моментално е последен во Серија А.
Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и шест порази, што е нивниот најлош почеток на сезоната.
За среќа, по девет кола во Серија А има дури четири клуба кои сè уште не знаат за победа, па работите сè уште можат да се поправат.
Виеира ја презеде Џенова во ноември 2024 година откако Алберто Џилардино беше отпуштен. Тој го презеде тимот кога беше 17-то место на табелата, а на крајот од сезоната ги доведе до 13-то место. Иако се шпекулираше дека Рома и Интер го сакаат, тој ова лето потпиша нов договор до летото 2027 година.
Виеира е легендарен француски играч од средниот ред со 107 настапи за „Триколорите“, со кои го освои светското првенство.
Тој ја заочна тренерската кариера во 2016 година, а дотогаш ги водеше младинските тимови на Манчестер Сити. Пред италијанскиот клуб ги тренираше Њујорк, Ница, Стразбур и Кристал Палас.

