Спорт
Македонија остана на 67. место на ФИФА листата
Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа 67.позиција на ФИФА листата. Светската фудбалска организација претпладнево ја објави првата листа во 2022 година.
Белгија останува најдобро рангирана репрезентација на светот пред Бразил, Франција, Аргентина и Англија. Противникот во баражот за пласман на Светското првенство, Италија е на шестото место, а во Топ десет уште се Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.
Од поранешната Југославија, Хрватите се на 15. место, Србија е 25-та, БиХ е на 59 место, Словенија е 64., Црна Гора е на 67. место, додека Косово е на 109. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг е сигурен дека нема да добие отказ
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, сигурен е дека нема да добие отказ. Притисоците за неговата смена продолжија и по вчерашното катастрофално издание во дуелот со Тотенхем. На домашен терен Јунајтед доживеаубедлив пораз (0:3).
Манчестер јунајтед вопрвите шест кола во Премиер лигата забележа три порази, со седум бода се наоѓа на 12.место на табелата.
„Не, не размислувам за тоа. Ова чето донесовме заедничка одлука да останеме заедно, а исто така се договоривме дека со целосна анализа ќе утврдиме што можеме да подобриме и како ќе создадеме тим“, рече Тен Хаг на прес-конференцијата по дебаклот од Тотенхем.
Тој се обиде да го оправда лошиот старт на „црвените ѓаволи“ во новата сезона.
„Знаевме дека ќе ни треба време поради тоа како помина нашиот преоден рок. Некои играчи, како (Мануел) Угарте, дојдоа доцна. Исто така, мораме да направиме чекор напред во организацијата поради некои повреди, па ни треба повеќе време”, рече Тен Хаг и повика на колективна одговорност.
„Сите сме на иста страна или на ист брод заедно, сопствениците, струшниот штаб и фудбалерите. Не сум загрижен дека ќе добијам отказ“, јасен е Тен Хаг.
Да потсетиме, Јунајтед во четврток му гостува на Порто во второто коло од Лига Европа.
Спорт
Се омажи ќерката на Шумахер, на венчавката присуствувал и легендарниот возач
Михаел Шумахер, легендарниот Формула 1 возач, наводно првпат се појавил во јавноста на свадбата на неговата ќерка Џина.
Џина Шумахер во саботата на Мајорка се омажи за Ијан Бетхке со кого е во долгогодишна врска, а свадбената церемонија се одржа на шпанскиот остров во семејната вила од 30 милиони евра, на која наводно присуствувал и Михаел Шумахер.
Како што наведува „Дејли мејл“, семејството Шумахер ја купило вилата од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а гостите не смееле да влезат во просториите на вилата со мобилни телефони, туку морале да ги остават.
На венчавката, како што објави и германски „Блид“, бил присутен и Михаел Шумахер.
„Дали Шуми навистина бил присутен на свадбата во саботата? Можно е. Дури и многу можно. Сепак, тој не беше во градината, каде што беа другите гости, од кои некои, без сомнение, не припаѓаат на најтесниот семеен круг”, стои во текстот на „Билд“.
Седумкратниот светски рпвак во Формула 1 не е вден во јавноста од 29.декември 2013 година кога на скијање во француските Алпи доживеа тешка повреда на главата.
Спорт
Повредата на Кејн не е сериозна
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен соопшти дека првите дијагнози за повредата на напаѓачот Хари Кејн се „позитивни“.
Кејн се повреди во саботата на натпреварот против Баер Леверкузен (1:1) во Бундеслигата. Тешко чекореше кога го напушти теренот во 86. минута, по еден дуел со играчот на Баер, Амин Адли.
Баерн изјави дека Кејн добил „болен удар во скочниот зглоб“, но дека лекарските прегледи утврдиле дека „развојот на настаните е позитивен“, објави Би-би-си.
Клубот од Минхен во среда гостува во Бирмингем против Астон Вила, а Кејн по натпреварот против Баер изјави дека ситуацијата не е толку лоша и дека очекува да игра на „Вила Парк“.