Спорт
(Видео) Mакедонија пред промоција во Б дивизијата во Лигата на нации
Фудбалската репрезентација со две победи го заокружи октомврискиот циклус во Лигата на нации.
Вечерва во Ереван, Македонија ја победи Ерменија со 2-0. Головите ги постигнаа Миовски во 72. и Алими во 85.минута.
Ова беше осма победа на Македонија во 15.пресметка со Ерменија.
Со победата над Ерменија, Македонија речиси обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родри: Мене Винисиус не би ми бил ни втор во изборот за „Златната топка“
Родри, играчот за врска на Манчестер сити, неодамна ја доби најпрестижната индивидуална награда во фудбалот „Златна топка“ во изборот на магазинотот „Франс фудбал“.
Неговиот избор предизвика големи контроверзии, бидејќи многумина мислеа дека наградата ја заслужил играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој беше втор во гласањето на новинарите.
Познато е дека Винисиус и Реал ја бојкотираа церемонијата на доделувањето на наградите, а Родри го искоментира таквото однесување.
„Бев малку во неверување кога на доделувањето на трофејот половина од салата скандираше „Винисиус, Винисиус“. Како и да е, имаше голема почит кон мене од публиката бидејќи тие станаа и ми аплаудираа на крајот. Оваа награда е за константноста, тоа е најтешкото нешто во фудбалот . Дали јас ја заслужив? Во 2023 мислев дека можам да ја освојам откако имав сјајна сезона со Сити, а оваа година мислам дека бев уште подобар“, изјави Родри за „El Partidazo de COPE“.
Не крие дека наградата многу му значи.
„Сето тоа малку ти го менува животот, имаш период пред и потоа. Ми честитаа многумина, најмногу ме возбуди честитката на Андрес Иниеста, кој исто така требаше да добие награда бидејќи беше најдобар фудбалер во историјата на нашата земја“, додаде Родри.
Секако, не ја заобиколи критичната точка во целата приказна, Винисиус и Реал. Неговата изјава малк е провокативна.
„Јас би го избрал Дани Карвахал како втор, а Винисиус би бил трет!“
Не беше премногу возбуден што Винисиус и Реал решија да ја бојкотираат церемонијата.
Спорт
Газдите на Рома во преговори со Тен Хаг
Рома се уште бара замена за Иван Јуриќ кој доби отказ веднаш по поразот од Болоња со 3:2.
Јуриќ не се снајде најдобро во Рим, поради што газдите, семејството Фридкин бара нов тренер.
Повторно се споменува Де Роси, кој пред два месеци доби отказ. Тој самиот истакна дека никогаш не и ја затворил вратата на Рома. Сепак италоијанските медиуми тврдат дека Ден и Рајан Фридкин, сопствениците на Рома, биле во Лондон каде преговарале со потенцијални тренери.
Фридкин не сакаат Италијанец за тренер, за разлика од спортскиот директор Гисолфи, па американските сопственици преговарале со Греам Потер и Ерик тен Хаг.
Тоа што беа во Лондон и не преговараа со Лампард веројатно го исклучува поранешниот капитен на Челзи како наследник на Иван Јуриќ.
Тен Хаг е скап, но сепак рпифатил да разговара со Ден и Рајан Фридкин. Се уште не е познато како завршил разговорот.
Роам, според шпекулациите викендов треба да добие нов тренер, а дотогаш тимот ќе го води Џанлука Фалсини, првиот човек на младиот тим.
Спорт
Парагвајците воведоа анти-Меси правило пред дуелот со Аргентина
За дуелот помеѓу репрезентацијата на Парагвај и Аргентина за навивачите ќе важат некои нови правила.
Парагвај во четврток ќе ја пречека Аргентина, во дуелот од 11. коло од квалификациите за СП 2026 година. Иако натпреварите меѓу Парагвај и Аргентина историски не се од оние што носат инциденти од секаков вид, домаќините решија нивната репрезентација да има максимална поддршка.
„Секој што носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот“, јасно порача спортскиот директор на Парагвајскиот фудбалски сојуз, Фернандо Виласбоа.
„Навивачите кои доаѓаат во дресовите на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било дрес со името на Меси, нема да смеат да влезат на стадионот“, рече Виласбоа.
„Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентинските клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со парагвајски навивачи за играчите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините. Сите сме дел од истата игра, секој на свој начин“, додаде тој.
ФС Парагвај додава дека дополнителна причина за правилото „анти-Меси“ е безбедноста во и околу стадионот.
Непишаното правило „анти-Меси“ не е голема вест. Пред дуелот со Бразил важеше правилото „анти-Винисиус“.
Тогаш на навивачите им беше забрането да доаѓаат облечени во Бразил, Реал Мадрид и какви било дресови со името на Винисиус.
Аргентина е прва на табелата со 22 бода, три повеќе од Колумбија. Парагвај е на шестото место.