Спорт
Македонија, Словенија, Албанија, Црна Гора…за Дугари се „кикирики“ репрезентации

Кристоф Дугари, поранешен француски репрезентативец и светски првак со оваа земја, изминатите неколку години работи како стручен коментатор.
Рекордната победа на Франција над Гибралтар од 14:0 го натера Дугари без некоја причина да навреди една третина од европските репрезентации. За него Македонија и уште некои други селекции се „кикирики репрезентации“.
„Тоа е натпревар што ќе остане во книгите, но останува анегдота. Тогаш, инсистирам и потпишувам, сите овие „кикирики“ натпревари немаат никаква корист. Го гледав натпреварот Франција-Гибралтар бидејќи тоа е моја работа, но има многу селекции кои немаат врска со овие квалификации за ЕП“, рече Дугари и продолжи.
„Гледам натпревар по натпревар на земји како Грузија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Литванија, Словенија, Казахстан, Сан Марино, Молдавија, Албанија, Малта, Македонија… Сите овие тимови се бескорисни. Косово, Андора, Ерменија… никогаш не треба да ги гледаме!“, изјави Французинот.
Кога веќе е фудбалски аналитичар и коментатор, Дугари, треба да знае дека Словенија и Албанија ќе играат на престојното ЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Црвениот картон ќе го чини Екетике 600.000 евра

Ливерпул жестоко ќе го казни Уго Екитике, за црвениот картон во натпреварот против Саутемптон. Францускиот репрезентативец, го постигна голот за победа во третото коло во Лига купот, за да прослави го соблече дресот и доби жолт картон. Бидејќи веќе имаше еден, мораше да го напушти теренот.
Екитике нема да биде во протоколот за натпреварот со Кристал Палас во Премиер лигата. Англичаните тврдат дека Ливерпул ќе го казни со одземање на две неделни плати, во превод за црвениот картон ќе плати 600.000 евра.
„Секогаш е најдобро да ги контролираш емоциите, а ако не можеш, тогаш прави го тоа на начин што нема да доведе до жолт картон. Кога бев исклучен против Евертон минатата сезона, реков дека е глупаво, но ако добиеш црвен картон по жолтиот картон, тогаш тоа е и непотребно и глупаво“, рече менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.
Ливерпул зз Екитике на Ајнтрахт му плати 80.000.000 евра, според договорот на годишно ниво неговата бруто плата изнесува 15.000.000 евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Фреди Бобиќ втор пат го доби судскиот спор против поранешниот клуб

По речиси две и пол години правна битка, познатиот германски фудбалер Фреди Бобиќ конечно ја доби пресудата од Окружниот суд во Берлин. Судот одлучи дека Херта Берлин мора да му плати повеќе од 4 милиони евра, што го направи Бобиќ повторно победник во неговиот правен спор против клубот.
„Многу сум среќен што е донесена јасна и фер одлука. Се надевам дека ова е крај, но на Херта е да одлучи дали ќе биде крај. Ова можеше да биде решено многу порано со ист резултат“, рече Бобиќ по пресудата.
Овој случај датира од 2023 година, кога Бобиќ беше отпуштен од Херта, каде што ја извршуваше функцијата спортски директор. Во тоа време, тој не можеше ни да замисли дека тоа ќе стане долг правен процес во кој ќе бара исплата на неговата отпремнина.
За време на постапката, Херта се обиде да го оспори износот на отпремнината и да ја намали платата на Бобиќ за 40 проценти поради испаѓање во втората лига, но судот пресуди дека клаузулата во неговиот договор не е јасна. Барањата на клубот за дисквалификација на судијата и намалување на износот исто така беа одбиени.
Исто така, судот ги отфрли тврдењата на Херта дека Бобиќ открил доверливи информации или дека вербална закана кон новинар можела да биде причина за неговото отпуштање. Ова е веќе втор пат Бобиќ да го добие правниот спор против Херта, а судијата одлучи дека клубот мора да плати повеќе од 4 милиони евра.
Бобиќ ја започна својата кариера во Штутгартер Кикерс, а потоа играше за Штутгарт, Борусија Дортмунд, Хановер, Херта и Болтон Вондерерс, додека кариерата ја заврши во Риека. Во германската репрезентација одигра 37 натпревари и постигна 10 гола, а беше дел и од тимот што го освои Европското првенство во 1996 година.
Спорт
Лоши вести за Реал, Салиба го продолжи договорот со Арсенал

На големо разочарување на Реал Мадрид, Вилијам Салиба реши да остане во Лондон.
Арсенал успеа да постигне договор со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година.
Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец, со цел да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што неговиот договор со Арсенал истекуваше во 2027 година.
Сепак, „Топџиите“ реагираа брзо и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен договор.
Заедно со Габриел, Французинот е единствениот стандарден играч во одбраната на Арсенал. Играчите на позициите лев и десен бек се менуваат, во зависност од тактичките барања на играта, но Микел Артета има целосна доверба во двајцата стопери.
Ова не е крајот на добрите вести за Арсенал. Конечните преговори во врска со продолжувањето на соработката со Букајо Сака се во тек. Англискиот репрезентативец исто така треба да остане на „Емирати“ во следните пет години.
Foto/ „X“