Спорт
Македонија со победа влезе во квалификациите за пласман на ЕП

Македонските ракометари со победа ги започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство. Потешко од очекувањата, вечерва Македонија ја победи Естонија со 37:33.
Македонија добро влезе во натпреварот, успеа да создаде предност од четири гола и ја одржуваше некаде до финишот на првото полувреме, кога играчите на лазаров попуштија во осбраната, а Естонците успеаја да се вратат и да дојдат до 20:20 по првиот дел.
Ритамот од ктајот на првото, Естонија го префрли и во вториот дел. Го презедоа водството годтите имаа и 24:26, а потоа следуваше клучната серија на Македонија од четири гола и предност од 34:29.
Најефикасен на теренот беше Серафимов со 10 голови, по седум постигнаа Митев и Кузмановски
За четири дена, во второто коло, Македонија ќе гостува во Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Челси убедлив во Шведска, Бетис со гол предност пред реваншот во Фиренца

Фудбалерите на Челзи и Бетис победија во првите полуфинални натпревари од Конференциската лига.
Челзи славеше победа од 4:1 на гостувањето кај Ѓургарден и веќе е во финалето, додека Бетис ја победи Фиорентина со 2.1
Челси по првиот дел зачекори во финалето, кога на семафорот стоеше 2:0.
Стрелец на првиот гол беше Санчо во 13-тата минута, а на вториот Мадуеке на две минути пред крајот на регуларниот дел.
Во вториот дел Џексон постигна два гола во 59-та и 65-та минута, а честа на домашниот тим ја спаси Алемењеху Мулугета во 68-та минута.
Во вториот полуфинален натпревар, Бетис ја победи Фиорентина на домашен терен со 2:1.
Значајна, но не и недостижна предност постигна шпанскиот тим, благодарение на Езалзули и Антонио.
Головите ги постигнаа во шестата и 64-та, а Раниери ја преполови предноста во 73-тата минута и ги остави „Виола“во живот пред реваншот.
Реванш натпреварите во Лондон, односно Фиренца, се закажани за една недела, на 8 мај.
Спорт
Драма во Мадрид со среќен крај за Олимпијакос – Грците се пласираа на завршниот турнир

Олимпијакос, тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84.
Реал на 122 секунди до крајот на мечот имаше предност од седум поени 78:85, но малку недостигаше да избори мајсторка. Абалде промаши тројка за победа.
По деветти пат во последните 15 години, Олимпијакос ќе игра на Фајналфорот на Евролигата
Тие ќе се борат за четвртата шампионска титула во овој период, а петта во историјата на клубот, и покрај тоа што вечерва во Мадрид, нивниот најдобар играч, Саша Везенков беше под своето ниво.
Брилијантната трета четвртина, во која Олимпијакос на Реал му дозволи само четири поени во првите пет минути, практично го реши победникот. Во тие пет минути Олимпијакос постигна 16 поени и минусот од пет поени го претвори во плус седум.
Во решавачкиот период Олимпијакос ја стакна највисоката предност 67:82, но му дозволија на реал да се врати во натпреварот со серија 11:0.
Еван Фурние го предводеше Олимпијакос со 23 поени, капитенот Папаниколау постигна 12 поени, два повеќе од Најџел Вилијамс-Гос и Везенков.
На спротивната страна Марио Хезоња забележа 21 поен и шест скока, Џанан Муса постигна 12, а Серхио Љуљ 11 поени.
Во полуфиналето на завршниот турнир, Олимпијакос ќе игра со победникот од серијата меѓу Барселона и Монако. Четвртиот меч се игра во петок во Барселона, Монако има водство во серијата 2:1
Спорт
(Видео) Рапсодија на Јунајтед во Билбао, Тотенхем очекувано го победи Бодо/Глимт

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа.
На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0.
Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го реализира пеналот, а капитенот на „црвените ѓаволи“ во 45.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Тотенехем го победи Бодо/Глимт со 3:1. На овој натпревар е постигнат најбрзиот гол во историјата на Лига Европа. Бренан Џонсон ј погоди мрежата на Норвежаните во 38.секунда.
Медисон до полувремето ја зголеми предноста на Тотенхем, а во 61.минута Соланке од пенал го постигна третиот гол за Спарс.
Надеж на гостите дека ќе можат да приредат чудо во реваншот им дава голот на Салтнес во 83.минута.
Реваншите се на програмата следниот четврток.