Спорт
Македонија во Ереван, со победа ќе го обезбеди првото место во групата

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва од 18 часот, во Ереван, против Ерманија ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации.
Македонија вечерва може да го обезбеди првото место во групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации.
За да биде реализирано ова сценарио Македонија треба да победи во Ереван и во исто време да нема победник на натпреварот меѓу Фарски Острови и Латвија. Но и доколку има победник на дуелот во Торшван, а Македонија ја победи ерменија, јасно е дека избраниците на Благоја Милевски ќе бида на чекор до освојувањето на првото место.
Првото место во групата носи и пласман во Б-дивизијата во Лигата на нации.
Вечерашниот натпревар ќе биде 15. меѓу двете репрезентации, Македонија има подобар биланс, седум победи, четири порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кејн доби со две повреди на два натпревара, ќе мора да мирува

Хари Кејн ќе пропушти неколкудневни тренинзи откако полесно ја повреди потколеницата, објави во средата бундеслигашот. Напаѓачот на Англија заработи повреда која доведе до внатрешно крварење пред ремито во вторник во Лигата на шампионите против Селтик (1:1).
„Не сум сигурен дали ќе можам да играм против Ајнтрахт Франкфурт во недела“, изјави Кејн откако Баерн се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите со вкупни 3-2, додавајќи дека тој исто така доживеа мала повреда на вилицата при судар на ремито на Баер Леверкузен минатиот викенд.
Баерн се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите и е лидер во германското првенство со осум бодови пред второпласираниот Баер Леверкузен. Кејн оваа сезона одигра 31 натпревар за Баварците. Тој постигна 29 и асистираше за 10 голови на неговиот тим.
Спорт
Ди Марија: Сè уште пијам лекови за поразите во финалните мечеви со Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија изјави дека сè уште зема лекови за да се справи со притисокот и разочарувањето од загубите во три последователни финалиња на големите натпреварувања со националниот тим.
Ди Марија го освои Светското првенство во Катар со Аргентина во 2022 година, а Копа Америка во САД две години подоцна, откако загуби две финалиња на Копа Америка и финалето на Светското првенство во 2014 година во период од три години.
„Затоа се уште пијам лекови. Успеав да ја намалам дозата. Многу сум подобар, но тоа е нешто што создава зависност… Тоа се работи кои остануваат со вас, кои ве обележуваат“, изјави Ди Марија за „Infobae“.
Тој додаде дека му е жал за многуте поранешни репрезентативци кои не успеаја да ја освојат титулата со Аргентина.
„Кој се сеќава на момците кои стигнаа до финалето на Светското првенство, а не победија? Малкумина и ми изгледа неправедно. Кој зборува за тие деца? Никој. Малкумина можат да ви кажат како играле. Многупати го кажав тоа кога станавме светски шампиони, кога ја освоивме Копа Америка, секогаш велев дека овие трофеи се освојувани благодарение на претходната генерација“, изјави Ди Марија.
Тој минатото лето се повлече од репрезентацијата и рече дека не жали. За Аргентина одигра 145 натпревари и постигна 31 гол.
Спорт
Јамал: Само Ливерпул е поголем фаворит од нас за трофејот во Лигата на шампионите

Барселона има одлична сезона и е меѓу фаворитите за освојување на сите три трофеи. Движечка сила зад овој тим е Ламин Јамал, кој истакна дека неговиот тим има квалитет да оди до крај во сите натпреварувања.
Најдобриот млад фудбалер во Европа, на почетокот на интервјуто за „Ел Мундо Депортиво“, истакна дека само Ливерпул е поголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите.
„Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Едноставно затоа што првиот обезбеди пласман понатаму. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофејот, дека можеме да одиме до крај. Мора да мислиме дека ние сме тимот кој игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам помеѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, ајде да одиме по двата трофеи“, изјави Јамал.