Спорт
Македонските клубови ги дознаа потенцијалните противници во европските купови
Македонските преставници во европските купови, попладнево во Нион ќе ги дознаат своите први противници.
Четири македонски екипи ќе се натпреваруваат во европските купови. Шампионот Струга ТЛ ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а освојувачот на Купот, Македонија ЃП, Шкендија и Шкупи ќе настапат во квалификациите за ласман во Конференциската лига.
Ждрепката за Лигата на шампионите ќе започне во 14 часот. Струга ТЛ е во групата неносители и за противници може да ги добие: Ференцварош (Унгарија), Лудогорец (Бугарија), Жалгирис (Литванија), Шамрок (Ирска) и ТНС (Велс).
Еден час подоцна ќе започне ждрепката за Конференциската лига.
Шкендија е носител и за противници може да ги добие Дери Сити (Ирска), Жилина (Словачка), Хака (Финска), Викингур (Исланд) и Хавервордвест (Велс).
Статус на носител има и Шкупи, а можни противници на поранешниот шампион се: Дукаѓини (Косово), Паиде (Естонија), Сент Патрик (Ирска), Гленторан (Северна Ирска), Хегелман (Литванија), Пенубонт (Велс).
За разлика од Шкенсија и Шкупи, Македонија ЃП нема статус на носител. Можни противници на освојувачот на Купот се: Пјуник (Ерменија), РФС Рига (Летонија), Дунајска Стреда (Словачка),Тобол (Казахстан),Милсами (Молдавија).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

