Спорт
Малта не смее да се потцени, нема аутсајдер во модерниот фудбал
Македонската репрезентација во Малта денеска ќе го има официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 против домашната селекција.
Дефанзивецот, Ѓоко Зајков смета дека пристапот треба да биде одговорен и вистински во намерата да победиме против Малта.
„Малта не е наивен противник. Треба да одиграме одговорно и фокусирано. Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери. Ни треба вистински пристап и максимален ангажман од сите во тимот”.
Фото/ ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вардар 1961 убедлив против Кристијанштад
Ракометарите на Вардар 1961 ја забелажаа третата победа во Европската лига. Во четвртото коло, Вардар 1961 го победи Кристијанштад со 35:30 (17:16). По четири рунди, во Ф групата, црвено-црните се лидери на табелата.
Вардар 1961 во второто полувреме го скрши отпорот на гостите од Шведска и им се реваншира за поразот од минатата недела.
Првиот дел беше израмнет, гостите има предност од два гола, црвено-црните направија пресврт, имаа водство 10:7, во средишницата на полувремето, а на пауза замина со гол предност 17:16.
На стартото на вториот дел црвено-црните повторно стекнаа предност од три гола, гостите успеаја уште еднаш да се вратат во натпреварот (21:21).
Конечно отпорот на противникот, ракометарите на Вардар 1961 го скршија во 47-та минута кога стекна предност од пет гола (27:22).
Во триумфот на Вардар 1961 се истакнаа голманот Валах со 15 интервенции, односно Хориха со девет и Малус со седум гола.
Вардар 1961, во наредната рунда, ќе гостува во Хрватска кај Севесте, а во последното коло ќе го пречека Тулуз.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
Никогаш не стапнал на Хаити, а може да ја однесе репрезентацијата на СП
Фудбалската репрезентација на Хаити, еднаш во 1974 година играше на Светското првенство, вечерва (02.00 часот) има можност да го повтори тој подвиг. Ако ја победат Никарагва, а Хондурас не ја совлада Костарика. Хондурас и Хити имаат ист број на бодови, по осум, но Хундурас има подобра гол разлика.
Она што ја прави оваа приказна особено привлечна е тоа што селекторот Себастијан Миње никогаш не стапнал на почвата на оваа земја во Карибите.
Не затоа што францускиот стручњак сакал, туку едноставно морал, бидејќи во земјата владеат криминалните банди, пред сè во главниот град, место каде што вообичаено се собира националниот тим.
„Невозможно е да се работи на Хаити, бидејќи е премногу опасно. Обично живеам во земјите каде што работам, но во овој случај тоа не е можно. Нема повеќе меѓународни летови што слетуваат таму“, рече шефот на стручниот штаб на можен учесник на Мундијалот во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
Сите негови избрани играчи играат во странство, репрезентацијата е домаќин на неутрални терени, а главна поддршка во работата му биле информациите од луѓе од Сојузот, врз основа на кои, како што вели, го управува тимот од далечина.
Миње во кариерата работел во Кенија, Екваторијална Гвинеја, Конго…

Спорт
Се повреди клучниот дефанзивец на Арсенал
Рeпрезентативната пауза донесе лоши вести за Арсенал. Габриел Магаљаеш, стопер кој е еден од клучните играчи на актуелниот лидер во Премиер лигата, се повреди на натпреварот со Сенегал, кој Бразил го доби со 2:0.
„Габриел го повреди бутниот мускул и првите информации укажуваат дека би можел да отсуствува од четири до осум недеали“, објавува новинарот Дејвид Орнштајн.
Габриел ќе направи дополнителни тестови кои уште подобро ќе покажат за каква повреда станува збор и колку време ќе трае закрепнувањето, но ова би можело да биде тежок удар за Арсенал.
Покрај неговиот одличен дефанзивен придонес, Габриел има и два гола и три асистенции во 17 настапи оваа сезона.
Заедно со него, дефанзивците на Арсенал, Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори, исто така имаа проблеми со повреди во текот на овој репрезентативен циклус, но се чини дека нивните повреди не сериозни.
Габриел е во Арсенал од 2020 година и стана еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета. Во Арсенал пристигна од Лил за сума од 26 милиони евра.

