Спорт
Манчестер Јунајтед би можел да ја поддржи Суперлигата?
Суперлигата се обидува да се врати на мапата, а упорното трио, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, сака да најде нови поддржувачи. Еден од нив во иднина би можел да биде Манчестер Јунајтед.
„Европскиот фудбал се наоѓа во опасност од колапс. Време е за промени. спортска и финансиска страна“, изјави пред неколку дена извршниот директор на Суперлигата, Бернд Рајхарт.
Барселона, Јувентус и Реал Мадрид издржаа, излегоа на суд, се бореа против монополот на УЕФА и се чини дека ја добиваат битката.
Останатите европски гиганти почнуваат да се будат и за очекување е наскоро да пристапат кон најупорната тројка. Манчестер Јунајтед би можел да биде првиот што ќе го направи тоа.
Манчестер Јунајтед минува низ деликатна фаза. Сопственоста на клубот се менува бидејќи семејството Глејзер одлучи да го продаде. Има неколку заинтересирани купувачи, пред се најбогатиот Британец Џим Ретклиф и катарското кралско семејство Ал Тани.
Не е исклучена опцијата новите сопственици да се согласат да играат во Суперлигата. Тренерот Ерик Тен Хаг кажа нешто слично меѓу редови.
„Мислам дека сегашната структура на натпреварувања е во ред, но секогаш ќе има иницијатива да се подобри фудбалот. Така е во животот. Луѓето секогаш сакаат да изградат нешто подобро. Тоа е секогаш добро затоа што е добро за фудбалот“, изјави Тен Хаг.
Гигантите од Премиерлигата првично се приклучија на планот за формирање на Суперлигата, но веднаш се откажаа откако имаше големи негодувања и протести од навивачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

