Спорт
Манчестер Јунајтед и Мејсон Гринвуд се разделија
Мејсон Гринвуд веќе не е фудбалер на Манчестер Јунајтед, објави англискиот премиерлигаш. Постигнат е договор за спогодбен раскин на договорот.
Младиот англиски фудбалер беше вклучен во скандал за наводно силување, потоа беше ослободен од обвинувањата, но „црвените ѓаволи“, сепак, решија да спроведат интерна истрага по која заклучокот е дека најдобро да се постигне спогодбен раскин на договорот.
Вработени во клубот се закануваа со откази и со штрајк доколку Гринвуд остане дел од Манчестер Јунајтед.
„Врз основа на доказите кои ни беа достапни заклучивме дека материјалот што беше објавен на интернет не ја дава целосната слика и дека Мејсон не ги направил прекршоците за кои беше обвинет, иако Мејсон признава дека направил грешки и дека ја презема одговорноста за нив. Сите инволвирани, како и Мејсон, ја прифаќаат тешкотијата да продолжи во Манчестер Jунајтед и затоа меѓусебно е договорено дека најдобро е да го направи тоа (продолжувањето на кариерата – н.з.) надвор од „Олд Трафорд’“, објави Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.
Спорт
Партијата на суд под обвинение за силување

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, претпладнево се појави во Судот за прекршоци во Вестминстер во Лондон откако беше обвинет за силување.
Тој е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Сите наводни кривични дела се случиле помеѓу април 2021 и јуни 2022 година.
Облечен во црн џемпер и држејќи јакна во рака, тој брзо помина покрај новинарите и фотографите во судницата.
Неговата адвокатка, Џени Вилтшир, претходно изјави дека фудбалерот ги негира сите обвиненија и со нетрпение ја очекува можноста „конечно да го исчисти своето име“.
Парти, на суд беше условно ослободен по обвиненијата за силување и сексуален напад. Условите за негово ослободување предвидуваат дека 32-годишниот Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени и дека мора да ја извести полицијата за секоја трајна промена на адресата или меѓународно патување, објави Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека започнала истрага против Парти во февруари 2022 година, кога првпат добила пријава за силување.
Петте обвиненија за силување се однесуваат на две жени, додека обвинението за сексуален напад се однесува на трета жена.
Парти го напушти Арсенал откако му истече договорот, кој траеше до 30 јуни, а четири дена подоцна беше обвинет за силување.
Арсенал во 2020 година за услугите на Парти на Атлетико Мадрид му плати 50 милиони евра..
Спорт
Сити му нуди нов договор на Родри
Манчестер сити му понуди нов договор на Родри. Освојувачот на Златната топка ја пропушти сезоната поради тешката повреда на лигаментите. Отсуството на Родри се рефлектираше врз резултатите на тимот. Сити не освои ниту еден трофеј и се до три кола пред крајот му висеше пласманот во Лигатана шампионите.
Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека тој би стнал вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Ерлинг Халанд. Исто така, познато е дека овој договор би важел до 2029 година.
Минатата сезона Родри одигра само осум натпревари во сите натпреварувања.
Фото/ Принтскрин