Спорт
Манчестер јунајтед ќе купува на големо ова лето?

Манчестер јунајтед разгледува повеќе фудбалери од одбраната, но и од нападот, пред да направи процена по која ќе тргне ова лето со зголемен буџет во обид да се бори за титулата следната сезона, тврди весникот „Манчестер ивнинг њуз“ (МЕН).
Јунајтед има најлош скор од топ-10 во Премиер лигата со 30 гола во 23 натпревари, шест помалку од вкупно примените голови оваа сезона на 15 меча пред крајот. Од друга страна, лидерот Манчестер сити има примено само 14 гола откако го донесе Рубен Дијаш за 64,3 милиони фунти, кој претходно беше цел на Јунајтед кога менаџер беше Жозе Мурињо во 2018 година.
Од друга страна, Јунајтед е најдобар стрелец во лигата со 49 гола, помогнати од Единсон Кавани, но тој ќе наполни 34 години и иако остане уште една сезона, „ѓаволите“ мора да размислуваат за долгорочно решение, како Ерлинг Халанд.
Друга голема желба на Солскјер е дефанзивецот Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, но и Рафаел Варан и Серхио Рамос од Реал Мадрид – на едниот договорот му завршува следното лето, а Рамос е достапен како слободен играч веќе во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот:
Спорт
Рамсдејл во Њукалс

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Њукасл следната сезона, бидејќи „страчките“, со Саутемптон договорија позајмица со право на откуп.
Иако потпиша четиригодишен договор со „Светците“ на 30 август минатата година, само 11 месеци подоцна повремениот репрезентативец на Англија ќе го напушти бродот што потоа во Чемпионшип.
Интересно, Рамсдејл трет пат испадна од Премиер лигата, но ниту еднаш не остана во клубот да брани во понизок ранг, прво Борнмут во 2020 година, а потоа Шефилд Јунајтед една година подоцна. Сега ќе бара среќа во Њукасл, кој ја заврши претходната сезона на петтото место, па ќе игра во Лигата на шампионите. Рамсдејл ќе се бори за место меѓу стативите со 33-годишниот Ник Поуп.
Црно-белите, според извештаите од Островот, платиле „значителна сума“ за да го земат момчето од Стоук на позајмица за една година, а договорот вклучува право за откуп на неговиот договор.
Фото/ Принтскрин