Спорт
Манчестер Јунајтед размислува да го урне „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед размислува да го урне легендарниот „Олд Трафорд“ за да изгради сосема нов стадион. Тоа е еден од стратешките планови за реконструкција на клубот, тврдат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ се домаќини на нивниот стадион 112 години откако беше отворен во 1910 година. Неспорен факт е дека стадионот со 75.000 луѓе не претрпе многу реновирање во последните неколку години.
Во 2006 година, стадионот беше проширен до сегашниот капацитет, а директорката за операции на клубот Колет Рош ги потврди плановите за модернизирање на стадионот.
Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува опцијата целосно да го урне „Олд Трафорд“ и да изгради сосема нов стадион на истото место, но секако за тоа ќе треба да се прашаат и со симпатизерите на клубот пред да се преземе такви неочекувани дејствија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петраков пред мечот со Шкотска: После ракети и бомби – од фудбал не се плашиме

Фудбалската репрезентација на Украина на 1 јуни ќе го почне плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар. На „Хемпден парк“ противник ќе биде Шкотска, а победникот потоа ќе игра против Велс во последниот мундијалски бараж.
Селекторот на Украина, Oлександр Петраков, вели дека неговиот тим не се плаши од ништо после војната што ја отвори Русија во нивната земја.
„На ‘Хемпден парк’ ќе има неверојатна атмосфера. Но, од што би се плашеле ние после ракети и бомби. Не се плашиме и од Шкотска, тоа е само фудбал“, изјави Петраков.
Тој не ја одмина и воената состојба во Украина.
„Изразнав и живеев во Советскиот Сојуз и сега не можам да верувам кои ни беа браќа, со кого спиевме, јадевме. Сега сакаат да не убијат“, додаде Петраков.
Спорт
Голден Стејт во финалето на НБА, Стеф Кари со наградата „Меџик Џонсон“

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Далас Маверикс со 120:110 во петтиот натпревар од финалната серија во Западната конференција и се пласираа во големото финале на НБА лигата каде го чекаат подобриот од дуелот меѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс.
За првпат во историјата, Стеф Кари, играчот на Голден Стејт Вориорс, ја доби наградата за МВП во финалето на конференцијата, награда именувана по Меџик Џонсон на Западот.
Голден Стејт Вориорс до победата ги предводеше одличниот Клеј Томпсон со 32 поени, од кои осум тројки. Ендрју Вигинс постигна 18 поени и 10 скока, а Дрејмонд Грин мечот го заврши со 17 поени, шест скока и девет асистенции.
Стеф Кари постигна 15 поени со слаб процент на шут, но додаде девет асистенции.
Од друга страна, Лука Дончиќ стандардно беше најдобар кај Далас Маверикс. Словенецот постигна 28 поени со девет скока и шест асистенции.
Спорт
Партизан остана без трофеи, но и без тренер
Партизан вечерва го загуби и вториот трофеј во битката со Црвена Звезда откако е поразен со 2:1 во финалето на Купот на Србија. По ова, тренерот Александар Станојевиќ си поднесе оставка.
„Им кажав на луѓето кои го водат клубот дека ако не освоиме трофеј, нема да бидам тренер следната година. Ги известив играчите во соблекувалната дека повеќе не сум тренер на Партизан“, изјави Станојевиќ на прес-конференција по финалето на Купот на Србија.
Партизан има многу поплаки за загубениот шампионски пехар, смета дека Црвена Звезда била фаворизирана во првенството на Србија.