Спорт
Манчестер јунајтед украде талентиран напаѓач од Арсенал
Манчестер јунајтед го обезбеди потписот на еден од најголемите европски таленти Чидо Оби-Мартин.
Младиот Данец, кој се уште нема 17 години, последните две години ги мина во Арсенал. Тој реши да остане на Островот, и покрај неколкуте атрактивни понуди од Германија, но се сели на „Олд Трафорд“.
Оби-Мартин го привлече вниманието на Островот кога настапи во победата на Арсенал со 9-0 против Норвич на 27 април, кога постигна седум голови. Сезоната ја заврши со вкупно 24 гола.
Потоа играше за Данска на Европското првенство до 17 години. Тој постигна два гола и беше еден од најважните играчи во походот на Данска до полуфиналето.
Инаку, два пати ја менуваше репрезентацијата. Прво играше за Данска до 16 години, а потоа на истата возраст одигра два натпревари за Англија. Сепак, на крајот реши да ја претставува својата родна земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Торонто Репторс ќе го пензионираат дресот на Картер
Поранешниот НБА кошаркар Винс Картер ќе стане првиот играч во историјата чиј дрес ќе го пензионира Торонто Репторс, пренесуваат бројни американски медиуми.
Ер Канада, како што го нарекуваа додека беше активен играч, е единствениот кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој играл во четири декади.
Тој беше избран како прв пик на НБА драфтот во 1998 година, а кариерата ја заврши во 2020 година со вкупно 25.728 постигнати поени во 1.541 одигран натпревар.
Во својата кариера, Винс постигна 9.420 поени за Репторс, што е четврти во клупската историја, а се уште го држи рекордот за највисок просечен број на поени по натпревар, во сезоната 2000/2001 постигнувал по 27,6 поени по натпревар. .
Свеченото пензионирање на неговиот дрес ќе се одржи на 2 ноември, кога канадскиот тим ќе се сретне со Сакраменто Кингс.
Исто така, следниот месец Картер и официјално ќе стане член на Куќата на славните на кошарката, а неговиот дрес од Бруклин ќе биде пензиониран во јануари.
Спорт
Енрике: Шетета што Мбапе замина во Реал
Килијан Мбапе (25) летово го напушти ПСЖ и како слободен играч замина во Реал Мадрид. Францускиот напаѓач се раздели со клубот кој според одлуката на правниот оддел на француската фудбалска лига е должен да му плати 55 милиони евра. ПСЖ сметаше дека вербалниот договор со кој Мбапе го прости тој долг е валиден, но се чини дека сепак ќе мора да го исплати фудбалерот.
Исто така, во последните месеци од мандатот на Мбапе во ПСЖ се појавија информации дека е во лоши односи со тренерот Луис Енрике.
Сепак, шпанскиот тренер во новото интервју за „Мовистар“ го демантираше ова.
„Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери од неговото ниво. Прекрасен играч, штета е што отиде во Мадрид“, изјави Енрике.
Мбапе помина шест сезони во ПСЖ, за кој одигра 308 натпревари и постигна 256 голови. ПСЖ за неговиот трансфер издвои 188 милиони евра.
Спорт
Илиев: Странците во Партизан се инфериорни аматери
Партизaн во 174. вечно дерби го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен од Црвена звезда. Црвено-белите славеа со 4:0. Хет-трик постигна Шериф Ндијај.
Дебаклот го коментираше новиот спортски директор на Партизан, Ивица Илиев. Илиев минатата недела се врати во клубот, на функцијата го замени Ивица Краљ.
„Ова е можеби најлошиот тим на Партизан во последните 30, 40 години. Направена е разочарувачка селекција… Странците? За такви играчи не може да се каже дека се засилувања, имаат неверојатна инфериорност. Дури можам да кажам, дека се играчи аматери, понижување за овој клуб. Некој ќе рече дека сум суров, но сакам да бидам таков, затоа што треба да се отрезниме и да бидеме свесни дека, за жал, не се можме да се натпреваруваме со Звезда… Што се случи во последните неколку години, навистина не знам, но ова е многу, многу лошо, ова е очајно“, изјави Илиев за „Спортски журнал“ и дополни.
„Толкава доминација на Звезда… Многу се пред нас, Партизан мора да се ресетира и да сфати дека тоа е реалноста. За жал, ограничени сме, бидејќи има многу играчи кои се многу среќни во Белград, ги имаат најголемите договори во кариерите и никој не ги сака, а потоа ние не можеме да се ослободиме од нив. Сето тоа се огромни проблеми кои не знам како ќе ги решиме, ќе биде многу тешко“.