Контакт

Спорт

Манчестер сити бара Б-тимови за премиерлигашите

Објавено пред

Извршниот директор на Манчестер сити, Феран Соријано, бара премиерлигашките клубови да добијат шанса да формираат Б-тимови кои би се натпреварувале во пониските англиски лиги, со што би се обезбедило спречување голем број млади англиски фудбалери да се селат во Бундеслигата.

dobivaj vesti na viber

Соријано бара да се воведе принципот на шпанскиот фудбал, каде што сите поголеми клубови имаат свои Б-тимови, кои често стигнуваат и до втората шпанска лига. Британската влада бара од Премиер лигата да помогне на помалите клубови од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), системот на лиги од втората до четвртата англиска лига поради тешката економска положба по пандемијата на коронавирусот.

Премиер лигата веќе преговара со ЕФЛ, но Соријано смета дека ЕФЛ-системот е неодржлив.

„Еден од предизвиците на ЕФЛ е тоа што се работи за бизнис кој е неодржлив на долги патеки. Има преговори за подобрување на системот, воведување oграничување на платата, но ниту тоа не е доволно. Друг проблем е да се развиваат младите англиски фудбалери кога не се дозволени Б-тимови. Момчиња кои имаат 17 или 18 години не можe да најдат место во големите клубови и ни ги земаат германските клубови, кои ги продаваат назад по десеткратна повисока цена. Ова е лудо, нели?“, вели Соријано.

Спорт

Роналдо стана првиот милијардер меѓу фудбалерите

Објавено пред

Беше само прашање на време кога Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата со милијарда на својата сметка во банка.

dobivaj vesti na viber

Поточно, Португалецот е „тежок“ 1,2 милијарди евра.

Според „Блумберг“, водечкото американско финансиско списание, Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“, но овој финансиски скок му донесе продолжување на соработката со неговиот клуб Ал-Наср.

Новата соработка со Саудијците ќе го направи Роналдо побогат за уште 400 милиони евра.

Портуаглецот сега има уште една цел, да дојде до најмалку 1.000 во кариерата, моментално е на бројката од 946 постигнати голови во кариерата.

„Мислам дека сè уште можам да дадам многу на клубот и на репрезентацијата, сакам да играм долго време, но не предолго, да бидам искрен. Се надевам дека кога еден ден ќе се пензионирам, ќе бидам задоволен бидејќи дадов се од себе. Свесен сум дека не ме очекуваат многу години играње фудбал, но сакам да го искористам малкуто време што го имам. Мојата филозофија е да живеам ден за ден. Немам долгорочни планови. Уживам во секој ден и на секој тренинг“, изјави неодамна Португалецот.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Леао не знае како да ја шутне топката, а годишно добива осум милиони евра“

Објавено пред

Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, во подкастот „Viva el futbol“, жестокот го криткуваше крлиниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Касно рече сена Леао „не знае правилно да ја шутне топката“.

dobivaj vesti na viber

„Кога го гледам тој човек, не знае да игра кога со грб е свртен кон голот. Има само брзина и тоа е неговиот единствен квалитет. Не знае како да ја шутира топката ниту со левата ниту со десната нога. Мисли дека Роналдо Ил Феномено. Не е тој крив, туку Милан што му дава плата од 8.000.000 евра годишно. Ако му даваа 1.000.000 или 1.500.000, јас би го гледал како сите други играчи“, рече тој. Касано.

Поранешниот италијански репрезентативец оди дотаму што верува дека некои играчи од послаби тимови имале поголемо влијание и статистика од Леао.

„Ако ги погледнам последните пет години на Леао во Милан и последните пет години на Рикардо Орсолини во Болоња, тогаш Рикардо треба да заработува 8.000.000, Леао ниту 2.000.000. Орсолини не е играч по кој сум луд, но ова се фактите. Само погледнете ги бројките. Едниот игра за Болоња, другиот за Милан.“

Прикажи повеќе...

Спорт

Џерард: Не освоивме ништо затоа што бевме себични губитници

Објавено пред

Поранешниот капитен на Англија, Стивен Џерард, рече дека „златната генерација“ не успеала да освои ништо бидејќи ѝ недостасувал тимски дух и бидејќи играчите биле „себични губитници“.

dobivaj vesti na viber

Од 2000 до 2014 година, Џерард одиграл 114 натпревари и постигнал 21 гол за репрезентацијата на Англија, со која не освои ниту еден трофеј.

Тој припаѓа на таканаречената „златна генерација“, заедно со Дејвид Бекам, Пол Сколс, Рио Фердинанд, Џон Тери, Вејн Руни, Гари Невил, Џејми Карагер и други.

Во подкастот на Рио Фердинанд, Џерард го посочи здружувањето на играчите од клубовите како проблем, што ги спречувало да бидат обединети во националниот тим.

„Сите бевме себични губитници. Гледам телевизија и го гледам Џејми Карагер како седи до Пол Сколс и изгледаат како да се најдобри пријатели 20 години. И го гледам односот на Карагер со Гари Невил и изгледаат како да се пријатели 20 години. Веројатно сум поблизок и попријателски настроен со тебе (Фердинанд) сега отколку што бев кога игравме 15 години за Англија“, рече Џерард, објави „Скај Спортс“.

„Зошто не се поврзавме кога имавме 20, 22, 23 години? Дали беше поради ривалството? Не бевме пријатели, не бевме тим, во ниедно натпреварување“, додаде поранешниот капитен на Ливерпул.

Тој истакна дека не му се допаѓа атмосферата во националниот тим.

„Ја мразев. Не ми се допаѓаше. Ги мразев (хотелските) соби. Немаше социјални медиуми, немавме ДВД плеер или нешто слично. Канали на телевизорот од еден до пет, што и да беше. Бев депресивен. Ги обожавав натпреварите. Обожавав да играм за Англија. Бев навистина горд. Уживав во тренингот, но тоа беше 90 минути на ден. А потоа бев сам“, рече тој.

„Не се чувствував како дел од тимот. Не чувствував поврзаност со моите соиграчи од Англија“, додаде Џерард, кој се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на Ливерпул.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба...

Македонија3 часа

Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието. Панчо Минов беше дипломиран...

Македонија3 часа

Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во...

Македонија4 часа

Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И.(58), двете од Скопје поради...

Македонија4 часа

Истрага против две сопственички на домови за стари лица: сместувале женски и машки лица заедно, дел од корисниците биле заклучувани, им биле служеби оброци со изминат рок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични...

Македонија4 часа

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев, не биди лицемерен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година...

Топ4 часа

Уапсени двајца скопјани: предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило кај спортскиот центар „Јане Сандански“

Денеска, во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје...

Свет7 часа

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа7 часа

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа8 часа

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет8 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа8 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија17 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија21 час

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија21 час

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија21 час

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија23 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ1 ден

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија1 ден

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија1 ден

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...