Спорт
Манчестер сити официјално надвор од Суперлигата, честитки од Чеферин

Манчестер сити со неверојатно кратко соопштение потврдија дека се повлекуваат од проектот за Европската Суперлига, оставајќи ја групата од 12 клуба кои направија „земјотрес“ во светскиот фудбал.
„Манчестер сити потврдува дека формално ја почна процедурата за повлекување од групата која развива планови за Европската Суперлига“, се сите зборови во соопштението на Манчестер сити.
Се очекува наскоро и Челси да го потврди ова повлекување, а шпекулациите велат дека блиску до ваква одлука се и Манчестер јунајтед, Тотенхем во Англија, но и Барселона и Атлетико Мадрид во Шпанија. Од друга страна фудбалерите на Ливерпул јавно се спротиставија на проектот, исто како и нивниот тренер Јирген Клоп.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин веднаш им честиташе на Сити за одлуката.
„Пресреќен сум што можам да им посакам ново добредојде на Манчестер сити во европското фудбалско семејство. Тие покажаа голема интелигенција. Сити се вистински тим за спортот и пресреќен сум што ќе работиме заедно за подобра иднина“, изјави Чеферин.
Club statement.https://t.co/GeNQZn8091
— Manchester City (@ManCity) April 20, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Салах плачеше на крајот од натпреварот

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.
Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции.
Тоа можеше да се види во текот на целиот натпревар, а на крајот постигна гол и му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш правеше Португалецот.
На крајот од натпреварот, тој се расплака.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025
Спорт
Икарди по девет месеци се врати со гол

Галатасарај оствари уште една победа оваа сезона, но она што најмногу ги израдува навивачите беше враќањето на теренот на Мауро Икарди.
Aргентинскиot напаѓач не играше од 7 ноември минатата година поради повреда на лигаментите. Конечно ги доби своите пет минути, но буквално.
Тој влезе во игра во 81-та минута и постигна гол по само шест минути. Со тој гол, Галатасарај победи против Карагумрук со 3:0. Икарди го постигна првиот гол од 23 октомври и натпреварот од Лига Европа против Елфсборг.
Минатата сезона, Икарди постигна вкупно шест гола на 14 натпревари пред повредата.
Спорт
Кунде го продолжи договорот со Барселона

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде го продолжи договорот со шпанскиот клуб до 2030 година.
„Французинот стана заштитен знак на позицијата десен бек и е исклучително важен за Ханси Флик со својата неограничена енергија и пенетрација по десното крило. Солиден во одбраната и добар во напаѓачките комбинации, Кунде беше херој на победата во Купот на Кралот против Реал Мадрид минатата сезона“, се вели во соопштението на Барселона.
Кунде (26) пристигна во Барселона во јули 2022 година од Севилја, оттогаш одигра вкупно 141 натпревар за клубот од Каталонија.
Како играч на Барселона, во сезоните 2022/23 и 2024/25 беше избран во идеалниот тим на шпанската Ла Лига, додека со клубот минатата сезона освои титули во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.
Со француската репрезентација, за која одигра вкупно 42 натпревари, освои злато во Лигата на нации во 2021 година и сребро на Светското првенство во Катар.