Спорт
Манчини со признанието „Енцо Беркот“ за вербата во младите фудбалери на Италија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини (54), е добитник на престижното признание „Енцо Беркот“, награда што од 2011 година им се доделува на италијанските фудбалски стручњаци.
Манчини стигна до признанието пред тренерите на Аталанта и на Милан, Џанпјеро Гасперини и Џенаро Гатузо, пред сè, затоа што им даде можност на младите италијански фудбалери да се докажат во репрезентацијата.
Популарниот тренер на чело на „аѕурите“ застана во мај минатата година и успеа да го врати ентузијазмот во репрезентацијата по крахот кога Италија првпат по 1958 година не настапи на мундијал.
Манчини е деветти добитник на наградата која го носи името на ексселекторот на Италија, кој сензационално го одведе својот тим до светската титула на мундијалот во 1982 година во Шпанија.
Пред Манчини, ова признание им припадна на Чезаре Прандели (селектор), Валтер Мацари (Наполи), Винченцо Монтела (Фиорентина), Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Масимилијано Алегри (Јувентус), Клаудио Раниери (Лестер Сити), Маврицио Сари (Наполи) и Еузебио ди Франческо (Рома).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.