Спорт
Манџукиќ ќе почека за своето прво „Дерби дела Мадонина“

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ беше во стартниот состав на Стефано Пиоло на мечот од ЛЕ во Белград против Црвен Звезда (2-2), но се чини дека тој ќе почека на првиот настап во легендарното миланско „Дерби дела Мадонина“.
Утре Интер и Милан го играат мечот кој е многу значаен поради пласманот на табелата во Серија А, а Хрватот нема да настапи поради повреда на мускул на ногата.
„Калчомеркато“ пренесува дека Манџо се повредил во Белград, па затоа во 82 минута на негово место на теренот влегол Хакан Чалханоглу.
За мечот против Интер Милан ќе биде и без услугите на Исмаил Бенасер кој исто така се повреди на мечот со Звезда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
МОК има нова претседателка- од Зимбабве

Министерката за спорт на Зимбабве, Кирсти Ковентри, е избрана за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), што ја прави првата жена, како и првата личност од Африка, назначена на оваа функција.
Ковентри стана најмладата претседателка на МОК во историјата, а нејзиниот мандат ќе трае до 2033 година.
Седум кандидати беа во трка за оваа позиција, а двократната олимписка шампионка во пливање победи во првиот круг откако својот глас го дадоа речиси 100 нејзини колешки.
„Ќе ве направам сите многу горди и се надевам дека ќе бидете многу сигурни во одлуката што сте ја донеле. Сега имаме уште малку работа заедно“, рече Ковентри во нејзиниот победнички говор.
Таа на местото претседател на МОК ќе го замени Германецот Томаш Бах.
Ова беше една од поотворените трки за претседател на МОК во историјата, без јасен фаворит пред почетокот на гласањето.
Спорт
Бостон има нов сопственик – Селтикси се најскапата франшиза

Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс.
Веста ја објави новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија.
Како што наведе, Чисолм ќе му плати на семејството Гросебек неверојатни 6,1 милијарди долари.
Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.
За работите да бидат уште поневеројатни, Грусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.
Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА, низ историјата 18 пати биле шампиони, што ги прави најтрофејна франшиза.
По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази.
Спорт
Јапонија обезбеди пласман на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Јапонија официјално се пласираше на Светското првенство следната година, откако ја оправда улогата на фаворит на домашен терен со победата над Бахреин со 2:0.
Уште пред денешната пресметка во Саитама се знаеше дека „Самурајите“ се блиску до седмото последователно учество на планетарниот шампионат, а сите дилеми беа решени со очекуваната победа.
Јунак на јапонскиот триумф беше првотимецот на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, кој најпрвин му асистираше на Даичи Камада во 66. минута за водство од 1:0, а потоа ја удвои предноста за конечен резултат на три минути до крајот на натпреварот.
На три кола пред крајот на третата фаза од азиските квалификации, Јапонија ги реши сите дилеми околу квалификациите за Светското првенство, бидејќи нема теоретски шанси да падне под второто место.
Да потсетиме дека Јапонците својот најголем успех го постигнаа со пласманот во осминафиналето на Светското првенство во четири наврати – во 2002, 2010, 2018 и 2022 година.