Спорт
Манџукиќ пред суспензија од 4 меча поради удирање на Ромањоли?

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ би можел да доживее казна од 4 меча поради удирање со нога на капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.
Судиите на теренот не го видоа потегот на напаѓачот, а немаше ниту реакција од ВАР-собата.
Хрватот дополнително би можел да биде казнет поради неспортско однесување. Информациите од Италија се дека Дисциплинската комисија го разгледува случајот и наскоро ќе се огласи за евентуалната казна за Манџукиќ.
Инаку, по дербито меѓу Милан и Јувентус многу се зборуваше за лошото судење на мечот. Арбитарот на мечот, Михаел Фабри, е суспендиран во идните две кола, а до крајот на сезоната нема да му суди на Милан затоа што тешко ги оштети „росонерите“ во неколку ситуации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе: Дали Родри ви изгледа како играч за Златната топка?

Килијан Мбапе не се согласуа со изборто на Родри за најдобар играч во светот. Шпанецот наградата „Златна топка“, ја доби пред соиграчот на Мбапе, Винисиус Жуниор, за кого се веруваше дека е главен фаворит.
„Што значи да се биде играч кој ја освојува „Златната топка? Дали Родри ви изгледа како играч за „Златната топка? Мислев дека ќе му припадне на Винисиус, но му припадна на Родри. Да ви кажев пред три месеци дека тој ќе ја освои, ќе речевте дека сум луд“, рече Мбапе.
Прашање е што го поттикна Мбапе да даде ваква неколегијална изјава, но факт е дека Родри минатата година играше брилијантно, го предводеше Мнчестер сити до титулата во Премиер лигата, а како МВП ја предводеше Шпанија до титулата на Европското првенство.
Спорт
Еди Хау ја прекина лошата серија на англиските тренери

Екипата на Њукасл по 70 години успеа да освои трофеј.
Црно-белите го совладаа Ливерпул со 2:1 на „Вембли“ и со тоа го освоија трофејот во англискиот Лига куп.
Ова е голем успех и за тренерот на тимот, Еди Хау, кој со тоа стана првиот англиски тренер кој освоил домашен трофеј од 2008 година.
Последниот тренер, Англичанец кој успеал да освои трофеј во Англија бил Хари Реднап. Со Портсмут, овој тренер го освои ФА Купот.
Звучи неверојатно што ниту еден тренер од Англичанец не ја освоил Премиер лигата.
Спорт
(Видео) Денвер без Јокиќ и Мареј го победија Голден Стејт, Дончиќ и Ривс за триумф на Лејкерс над СА

Кошаркарите на Денвер на гостински терен во Сан Франциско, без двајцата најдобри играчи Никола Јокиќ и Џамал Мареј, го совладаа Голден Стејт со 114:105. За Вориорс ова беше прв пораз по серијата од седум победи. Во исто време ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Сан Антонио 125:109.
Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со сезонски рекорд од 38 поени. Мајкл Портер Јуниор додаде 21 поен и 10 скока, Пејтон Вотсон имаше 13 поени и четири блокади, додека Расел Вестбрук забележа трипл-дабл со 12 поени, 16 асистенции и 12 скока.
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ го пропушти натпреварот со повреда на лактот, додека вториот најдобра стрелец на Данвер, Мареј мечот го пропушти поради повреда на скочниот зглоб.
Џими Батлер беше најефикасен кај Голден Стејт со 23 поени, осум скока и шест асистенции. Стивен Кари додаде 20 поени и седум асистенции, додека Гери Пејтон постигна 18 поени. Дрејмонд Грин забележа 10 поени, шест скока, пет асистенции, пет блокади и три украдени топки.
Денвер е трет во западната конференција со 44 победи и 25 порази, додека Голден Стејт е шести со скор 39/29.
Лос Анџелес Лејкерс, предводени Остин Ривс (30 поени), го совладаа Сан Антонио со 125:109.
Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 14 асистенции и девет скокови. Словенецот повторно лошо шутираше од поле, погоди само пет од 20 обиди. Дончиќ половина од поените постигна од линијата за слобидни фрлања (10/130.
Најефикасен кај Спарс беше рукито Стефон касл со 23 поени. Сан Антонио до крајот на сезоната е беа Виктор Вембањама и Диерон Фокс.