Спорт
Манџукиќ се договорил со Фиорентина
Марио Манџукиќ дефинитвно се враќа во Серија А. Искусниот напаѓач ќе потпише договор со Фиорентина. Ова го тврди „СпортИталија“.
Манџукиќ неодамна по само шест месеци, реши да го раскине договорот со Ал Духаил од Катар.
Се поврзуваше со Локомотив Москва, Беневенто, Интер, Милан, но на крајот ќе заврши во Фиренца.
„СпортИталија“ тврди дека челниците на Фиорентина ги прифатиле неговите услови, тој барал две годишен договор тежок три милиони евра по сезона, со опција договорот да му биде продолжен на уште една година.
Претходно искусниот напаѓач четири години го носеше дресот на Јувентус.
Во кариерата Манџукиќ бил играч на Марсонија, Динало Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јунајтед по пресврт до победа, Тотенхем и Нотингем Форест тонат во бездната
Три натпревари се одиграа во Премиер лигата во терминот од 15 часот, победија домаќините со идентичен резултат 2:1.
Манчестер Јунајтед стигнаа до три бода по пресврт во второто полувреме, против Кристал Палас, а важен детаљ беше директниот црвен картон за Максенс Лакроа во 56-та минута.
Французинот беше тој што му донесе предност на Палас во четвртата минута од играта, но подоцна се претвори во трагична фигура.
Судијата Крис Кавана досуди пенал за Јунајѕед, а по консултација со ВАР собара процени дека треба и да му покажа црвен картон на Французинот.
Најстрогата казна во 57-та минута рутински ја реализираше капитенот на домашниот тим, Бруно Фернандес.
Фернандес запиша и асистенција во 65-та, за Бенјамин Шеско. Словенецот го постигна четврти гол во последните пет натпревари.
Јунајтед сега се искачи на третото место со 51 бод, 10 зад лидерот Арсенал, додека Палас падна на 14-то место и има 35 бода.
Тотенхем и Нотингем Форест жестоко се борат за опстанок, загубија во пресметките со Фулам, односно Брајтон.
Фулам во лонндонската пресметка му го нанесе 13-от пораз на Тотенхем оваа сезона, втор под водство на Игро Тудор. Вилсон и Ивоби му донесоа голема предност на Фулам во првиот дел, во вториот Ришарлисон намали на 2:1, но Тотенхем немаше сила да избегне пораз.
Во Брајтон, конечниот резултат беше поставен по само 15 минути игра. Брајтон поведе преку Гомес во шестата минута, за Форест израмни Гибс-Вајт во 13-та, а две минути подцна ветеранот Велбек го постави конечниот резултат.
Тотенхем е 16-ти со 29, а Форест позиија подолу со 27 поени, Вест Хем на 18 место има 25 бодови.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Семењо за минимален триумф на Сити во Лидс
Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели.
Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада.
Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во последните 10 минути од првиот дел, „граѓаните“ извршија силен притисок врз противникот.
Инцијативата м донесе резултат буквално во последните секунди од првото полувреме. Антоан Семењо го искористи центаршутот на Рајан Аит-Нури и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во вториот дел, домаќинот повторно се закани, но реализацијата изостана, додека Сити можеше да го реши натпреварот преку Омар Мармуш и Марк Гуехи, но Карл Дарлоу го спаси својот тим од поубедлив пораз.
Победата го приближи Сити на два бода од Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, додека Лидс останува шест бода над зоната за испаѓање и бара континуитет за да обезбеди опстанок.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кимих и Кејн ја срушија Борусија среде Дортмунд
Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“.
Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да не направи ништо пред голот на Кобел.
Баварците израмнија преку Хари Кејн, кој ладнокрвно ја смести топката во мрежата по додавањето на Гнабри. Дортмунд потоа имаше шанса повторно да поведе, но пенал по фаулот на Шлотербак врз Станишиќ му овозможи на Кејн да го постигне својот 30-ти гол во сезоната и да го сруши својот личен рекорд од минатата сезона.
Домаќините веднаш одговорија со одличен волеј од Свенсон, но Кимих го имаше последниот збор, неговиот прецизен удар со левата нога му донесе победа на Баерн и ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз на Дортмунд во Бундеслигата.
Со овој натпревар, продолжи неславната серија на тренерот Нико Ковач. Тој загуби девет и одигра два пати нерешено во пресметките со Баварците.
Foto/ depositphotos

