Спорт
Мане стрелец – Ливерпул го победи Вест Хем

Фудбалерите на Ливерпул забележаа минимална победа над Вест Хем и ја намалија предноста на лидерот Манчестер сити на три бода.
Ливерпул и Вест Хем одиграа динамичен натпревар, со многу шанси. Вистинско чудо е како само една топка ја погоди целта.
Победникот го реши голот на Мане во 27.минута. Сенегалецот го постигна 12.гол во сезоната, асистентот Александер-Арнолд ја забележа 16.асистенција од почетокот на сезоната, во сите натпреварувања.
Вест Хем во 70.минута остана без Боувен. Младиот напаѓач го напушти теренот поради повреда. Дуелот со Ливерпул беше 79 во низа за Боувен, со што стана клупски рекордер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кевин Дурант ја заборавил лозинката, а има богатство во биткоини

Американскиот Си-Ен-Би-Си, објави интересна информација, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката.
Рич Клајман, менаџерот на познатиот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурент има на располагање многу пари во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем.
Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката.
„Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на „Коинбејс“. Тој никогаш не ги продал криптовалутите што ги има, па затоа нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, па тоа е позитивно“, изјави Клајман за Си-Ен-Би-Си.
Дурент почнал да купува Биткоин уште во 2016 година, кога се пресели во Голден Стејт Вориорс и настапи за американскиот тим на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Во тој период, тој имал бројни разговори со своите соиграчи на оваа тема.
Платформата „КоинГреко“, вели дека во 2016 година, еден Биткоин вредел помеѓу 360 и 1.000 долари, а сега неговата вредност е околу 116.000 долари, што преставува зголемување од 11.000% во рок од девет години.
Не е наведено точно колку пари има во Биткоин, Дурент, но може да се каже дека крилниот кошаркар нема финансиски проблеми. За време на неговата НБА кариера, која трае од 2007 година, тој заработил повеќе од 450 милиони долари само од НБА договори.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Катастрофа за Дубаи – големото засилување веќе ја заврши сезоната

Кошаркарот на Дубаи, Мамаду Жаите, заработи повреда на Ахиловата тетива во подготвителниот натпревар, објави „Баскетњуз“.
Како што е наведено, се очекува Жаите да отсуствува поголемиот дел од сезоната поради повредата, а попрецизна временска рамка ќе биде позната по операцијата операција.
Жаите потпиша двегодишен договор со Дубаи во јули, а претходните две сезони играше за Монако.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,5 поени и четири скока по натпревар.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати ќе го пречека Партизан во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ ФИБА
Спорт
И помладиот Маркез ќе вози фабрички Дукати

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе остане во италијанскиот тим и следната сезона, но ќе има на располагање фабрички мотоцикл, ист како што има неговиот постар брат Марк во Дукати.
Алекс е главен конкурент оваа сезона на осумкратниот светски шампион во борбата за титулата, иако сега е сигурно дека возачот на Дукати ќе ја освои, можеби и na следната недела во Јапонија.
Помладиот Маркез има забележано вкупно 21 подиум од почетокот на сезоната – 11 во спринт трките, заедно со 10 во главните трки, вклучувајќи победи во Херез и Монтмел, но сите на минатогодишната верзија на Десмоседичи.
Неговите изданија во раните фази од сезоната беа јасна порака до Дукати дека заслужува фабрички мотоцикл, а тоа го разбраа во седиштето на компанијата во Болоња.
„Вистинска чест е што ќе се тркам на фабрички мотор со Гресини. Тимот работи беспрекорно веќе неколку сезони и верувам дека ова е награда за сите, и за мене и за целиот тим. Ова е само еден чекор напред кон нашиот сон и уште подобри резултати во 2026 година“, рече Маркез.
Покрај постариот Маркез, оваа сезона и Франческо Бањаја и Фабио ди Џанантонио имаат на располагање фабрички мотор, но нивните резултати не се ни блиску до оние што ги постигна Марк, но и Алекс. Иако имаше шпекулации дека Диџа би можел да остане без фабрички мотор, се чини дека Дукати одлучи да го задржи него, а Фермин Алдегер и Франко Морбидели да ги задржат на постарите спецификации.
Првенството во Мото ГП продолжува следната недела со Големата награда на Јапонија, каде што Марк Маркез ќе стане деветкратен светски шампион ако освои три поени повеќе од својот помлад брат.