Спорт
Мануел Нојер нема среќа со повредите

Баерн Минхен победи со 4:1 на гостувањето кај Фортуна Диселдорф, но повторно го загуби својот капитен, голманот Мануел Нојер, кој доживеа чудна повреда и подоцна беше забележан како си оди од стадионот со патерици.
Повредата на Нојер очигледно е мускулна, откако тој се пожали на потколеницата додека не беше во дуел со ниту еден фудбалер и во 53. минута побара да биде заменет со Свен Улрајх.
„Ова е истата повреда која ја имаше пред две недели и мораме да почекаме во понеделник да се поминат тестовите. Ако самиот се повреди, тогаш е навистина голема несреќа“, вели тренерот Нико Ковач.
33-годишниот Нојер минатата сезона имаше само три настапи за Баерн поради фрактура на левото стапало, но сепак беше дел од германската репрезентација на СП во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез со рекорд до пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.
Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.
Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.
Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.
Спорт
Тадиќ потпишал за Ајакс

Душан Тадиќ потпиша договор со Ајакс и ќе се врати во Холандија, пренесуваат турските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец по две години се враќа во Амстердам, тврдат овие извори.
По елиминацијата на Фенербахче од Лига Европа и промашениот пенал на Тадиќ, навивачите го критикуваа исто како и целиот тим. Српскиот играч за врска по се изгледа одлучи дека најдобар потег е враќањето во Ајакс.
Тадиќ имаше понуда од Фенербахче да го продолжи договорот и се чинеше дека ќе ја прифати понудата. Но откако по промашениот пенал од лутите навивачи доби пораки дека е „најдобро да не се враќа во Истанбул“, по се изгледа дека решил да ја прифати понудата од поранешниот клуб.
Доколку тврдењата на турските медиуми се точни, Тадиќ по две години ќе се врати на арената Јохан Кројф, каде што играше од 2018 до 2023 година.
Спорт
Реал го нуди Чуамени за Енцо Фернандез

Енцо Фернандез пристигна во Челзи на крајот на претходната година за 121 милион евра од Бенфика. Англиските медиуми пишуваат дека тој би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, во размена на фудбалери меѓу Челзи и Реал Мадрид.
Шпекулациите говорат дека Реал го нуди Орелиен Чуамени и пари за аргентинскиот репрезентативец, кој со националниот тим стана светски и јужноамерикански шампион.
Наводно, Реал Мадрид веќе извесно време е заинтересиран за 24-годишниот играч за врска на Челси. Фернандез има договор со Челси до јуни 2032 година.
Фернандез има пет гола и девет асистенции во 34 одиграни натпревари оваа сезона. Според информациите на англиските медиуми, Фернандез не би имал ништо против да се пресели во Мадрид.
Чуамени, кој Карло Анчелоти го користи на дефанзивниот среден ред и позициите во одбраната, е под договор со Реал до летото 2028 година.