Спорт
Манзано суспендиран поради спорна одлука на „Местаља“

Шпанскиот судија Хесус Хил Манзано е суспендиран по контроверзната одлука на крајот од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (2:2).
Манзано сигирно нема да суди во наредните две рунди од Ла Лига.
Судијата веќе беше делегиран за следните натпревари, но по голем притисок беше избришан од списокот.
Останува да видиме дали по оваа одлука ќе бидат укинати црвените картони за Џуд Белингем и Антонио Ридигер, кои протестираа на необичната одлука на Манзано да означи крај на натпреварот во моментот кога Брахим Дијаз се подготвуваше да центрира, а по неговиот центаршут Белингем постигна гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.
Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.
Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.
Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.
Спорт
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4.
Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад.
Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол.
Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја.
Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025