Спорт
Марадона добива „мистериозно“ пакетче на клупата на својот тим! (видео)
Околу проблемите на Диего Марадона со недозволените супстанции се пишувало многу, но кога се мислеше дека тоа е во минатото се појави снимка на која аргентинската фудбалска легенда добива „мистериозно“ пакетче додека е на клупата на својот тим Гимназија Ла Плата.
Марадона и неговиот тим загубија со 1:0 од Росарио Сентрал во меч од Суперлигата, но поголемо внимание предизвика снимката во која еден од неговите помошници му дава на 59-годишниот тренер неидентификуван пакет, додека еден друг негов помошник се обидува да ја блокира ТВ камерата.
Секако, на фановите на социјалните мрежи, веднаш им беше јасно што би можел да добива Марадона по неговите проблеми со кокаинот, иако тоа останува само шпекулација. Марадона се „закачи“ со кокаинот додека играше за Наполи во 1980-тите, а потоа на СП во 1994 во САД беше позитивен на кокаин и пратен дома предвреме.
Llega él ayudante y le entrega a Diego Maradona una bolsa verde, los otros se paran para tapar la cámara ? disimuladamente. ¿ ustedes que creen que le están Entregando a Maradona ? pic.twitter.com/PTSzzxVQuT
— Juan Daniel Mosquera (@juandanielM01) February 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

