Спорт
„Маратонците“ Ебден и Парсел со титулата во двојки на Вимблдон
Метју Ебден и Макс Парсел го добија петтиот меч во пет сета на Вимблдон за да ја освојат својата прва гренд слем титула, победувајќи ги во финалето хрватските фаворити Никола Мектиќ и Мате Павиќ со 7:6(5)/6:7(3)/4:6/6:4/7:6(10:2).
Австралијците, кои пред финалето спасија осум меч-топки во два меча, овојпат се вратија по раниот брејк на хрватското дуо во петтиот сет за да стигнат до победата. Павиќ, кој играше со скршен десен зглоб (но не загуби брејк на свој сервис), се обиде да се врати во игра покрај Мектиќ, но на крајот не успеаја да ја обранат својата титула.
Ебден и Парсел се првата австралиска двојка со трофеј од Вимблдон од 2000, кога легендарните Тод Вудбриџ и Марк Вудфорд беа шампиони. Парсел и Ебден го играа својот четврти гренд слем како партнери, а загубија во финалето на Австралија опен од сонародниците Ник Кирјос и Танаси Кокинакис.
Wimbledon glory for Ebden and Purcell ????
The Australians have won their first Grand Slam title defeating Mektic/Pavic in an epic on Centre Court, 7-6(5), 6-7(3), 4-6, 6-4, 7-6(2)#Wimbledon | #CentreCourt100 pic.twitter.com/ecE5FK7w3h
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Замената за Клоп Ливерпул ја најде во Лисабон
Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерпул и ќе замине на долг одмор, фудбалска јавност шпекулира кој ќе биде новиот тренер на „црвените“.
Како очигледен избор се истакна поранешниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо (42). Неговиот Баер Леверкузен игра неверојатно добар фудбал оваа сезона. Статистиката на германскиот тим е 38 натпревари без пораз во сите натпреварувања, со 109 постигнати голови.
Извесно е дека Чаби Алонсо ќе им ја донесе на „фармацевтите“ првата шампионска титула во клупската историја, со која ќе ја прекинат единаесетгодишната доминација на Баерн.
Сепак, од релевантни извори во Германија доаѓаат информации дека Алонсо ова лето нема да го напушти Леверкузен, а доколку реши да замине од Баер, ќе остане во Германија и ќе се се пресели во Минхен.
„Скај Спортс“, пишува дека Ливерпул покажал сериозен интерес за Португалецот Рубен Аморим (39), тренер кој четири години е на клупата на Спортинг, а претходно беше тренер на Брага. Тој користи систем со три стопери исто како и Алонсо, а неговиот напаѓачки стил на игра му донесе титула на Спортинг во првата сезона на Аморим.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.