Спорт
Мареј го победи Вавринка, испаднаа Беретини и Димитров

Енди Мареј го доби Стен Вавринка во првото коло на мастерсот во Синсинати. Елиминација доживеа Матео Беретини од Френсис Тиафо, додека првото коло ги минаа Денис Шаповалов и Себастијан Корда.
Ветераните Мареј и Вавринка одиграа фантастичен меч. Пресметката на поранешните гренд слем шампиони му припадна на Британецот. Мареј победи со 2-1, по два часа и 58 минути игра славеше над Стен Вавринка.
Следен противник за Марио ќе биде Камерон Нори, кој во првата рунда го исфрли Холгер Рун со резултат 7:6 (5), 4:6, 6:4.
Мари во својата богата кариера двапати ја освои Синсинати, а пред овој дуел со Вавринка играше 21 пат – 12 пати победи 35-годишниот Шкотланѓанец, а девет пати 37-годишниот Швајцарец.
Италијанскиот тенисер Матео Беретини загуби во првото коло втор последователен турнир, откако испадна во Монтреал од Ник Кирјос, истото му се случи и во Синсинати. Американецот Тиафо го победи Беретини со 7:6 (7-3), 4:6, 7:6. (7-5). .
Во второто коло Тиафо го чека сонародникот Себастијан Корда, кој го победи Карен Хачанов од Русија со 6:3, 6:4.
Денис Шаповалов ја забележа само втората победа по Рим, славеше над шампионот од 2017 година Григор Димитров со 7-6 (7-4), 6-3, спасувајќи две брејк топки во осмиот гем од првиот сет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.