Спорт
Мареј го украде шоуто на Јокиќ, вечер на топ партии за Адетокумбо и Букер
Никола Јокиќ со нов трипл дабл ги предводеше Денвер Нагетс до нов триумф во НБА лигата на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со 120-103. Српскиот центар имаше учинок од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Сепак неговото постигнување остана во сенка на клупскиот колега Џемал Мареј кој имаше рекорд на кариерата – 50 поени, надополнети со 6 скока.
Одличен кај Нагетси беше и Мајкл Портер со 22 поени, а двоцифрен беше и Факундо Кампацо.
Кај Кавалирси најефикасен беше Секстон со 23, односно Ален со 20 поени.
Сјајна партија за Малвоки против Оклахома имаше Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 29 поени и дури 19 скока, заедно со 8 асистенции. Крис Мидлтон уфрли 20 поени во триумфот од 98-85 против Тандерси.
И Феникс продолжи со одличните партии предводен од Девин Букер. Тој повторно беше најефикасен кај Сонцата со 23 поени, колку што на спротивната страна уфрли младиот Зајон Вилијамсон, па Феникс славеше со 132-114.
Ова се сите ноќешни НБА резултати:
Кливленд – Денвер 103-120
Орландо – Голден Стејт 124-120
Бостон – Атланта 121-105
Филаделфија – Чикаго 112-105
Мемфис – Детроит 109-95
Милвоки – Оклахома 8-85
Њу Орлеанс – Феникс 114-132
Минесота – Торонто 81-86
Лос Анџелес Клиперс – Јута 116-112
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотална доминација – Канело го „здроби“ Јилдирим во три рунди

Мексиканската боксерска ѕвезда, Саул „Канело“ Алварез со стил ги одбрани двете титули во супер-средна категорија, „демонтирајќи“ го турскиот предизвикувач Авни Јилдирим во три рунди.
Канело (55-2-1, 37 КО), ги одбрани ВБЦ и ВБА титулите во оваа категорија, откако Јилдирим падна во третата рунда, а од неговиот агол го фрлија пешкирот и побараа прекин на мечот. Иако Јилдирим беше задолжителен предивикувач, тој немаше меч речиси две години и успеа да упати еден удар во првата рудна во споредба со 16 на Канело и немаше одговор за агресивниот Мексиканец.
„Сакав голем меч и го направив тоа што ми беше потребно. Ми требаше нокаут и не е важно дали противникот е повисок, со подолги раце или со подобар тренер“, изјави Алварез.
И покрај поразот, Јилдирим, кој е ѕвезда во својата татковина, заработи одлични 2.5 милиони долари, додека заработувачката на Канело е неколку десетини милиони, што покажува дека боксот уште ја има предноста пред УФЦ и другите ММА борби кога се зборува за парите кои ги добиваат фајтерите.
Спорт
Дончиќ и Јокиќ пак брилијантни во НБА саботата

Низата на Бруклин нетс од осум победи во низа заврши благодарение на фантастичниот Лука Дончиќ, кој имаше 27 поени, 6 скока и 7 асистенции за 115:98 гостинска победа на Далас маверикс.
Кај гостите Џејмс Харден имаше 29 поени, но тоа не ги спречи Маверикс да стигнат до импресивна победа. Ова беше последен меч на словенечката ѕвезда со 21 години, бидејќи денеска го прославува својот 22. роденден.
„Вечерва игравме како тим. Сите беа вклучени во оваа победа, и ја завршија својата одбрана во одбраната, во нападот. Вистинска тимска победа“, изјави Дончиќ.
Фантастичен беше и Никола Јокиќ, кој имаше трипл-дабл да ги предводи Денвер нагетс до уште поубедлива 126:96 победа над Оклахома Сити тандер. Јокиќ мечот го заврши со 19 поени, 13 асистенции и 11 скока за 30-тина минути игра. Џамал Мареј беше најефикасен за Нагетси со 26 поени, а Мајкл Портер Јуниор постигна 20 поени за само втора гостинска победа во последните осум меча за Денвер.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Далас 98:115
Оклахома Сити – Денвер 96:126
Орландо – Јута 109:124
Њујорк – Индијана 110:107
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117:114
Вашингтон – Минесота 128:112
Филаделфија – Кливленд 109:112 ОТ
Спорт
Хетафе ја прегази Валенсија – Спектакуларен гол на Арамбари

Хетафе го доби дуелот со Валенсија (3:0) и стави крај на серијата од пет порази. Двата тима по 25 кола имаат по 27 бода и се наоѓаат во долниот дел на табелата, блиску до опасната зона.
Натпреварот на „Колосеум Алфонсо Перез“, го обележа спектакуларниот гол на Арамбари. Играчот на Хетафе со удар од 30 метри го совлада Силесен.
Првите десет минути од вториот дел беа вистински кошмар за Валенсија. Дијакаби доби директен црвен картон во 51.минута, а три минути подоца Мата го постигна вториот гол.
Конечниот резултат го постигна играчот на Барселона, кој е позајмен во Гетафе, Карлес Алења во 87.минута.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер