Спорт
Мареј по пауза од пет години победи во Индијан Велс

Енди Мареј успешно го мина првото коло на мастерсот во Индијан Велс. Британецот, забележа лесна победа над Адријан Манарино од Франција (6/3, 6/2).
Мареј забележа 19 директни поени, имаше и пет неодбранливи сервиси, на патот до првата победа на овој мастерс од 2016 година.
Еден брејк, му беше доволен да го освои првиот сет, а во вториот му го одзеде сервисот на притивникот во петтиот и седмиот гем.
Противник на Мареј во второто коло ќе му биде младиот Шпанец, Карлос Алкараз, инаки 30.носител во Индијан Велс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси размислува за Луис Енрике

Поранешниот селектор на Шпанија Луис Енрике би можел да го преземе Челзи, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“. Лондонскиот клуб размислува да ангажира искусен тренер доколку актуелниот, Греам Потер не постигне добри резултати.
Енрике беше тренер на Барселона од 2014 до 2017 година, а под негово водство Каталонците станаа шампиони на Шпанија, три пати го освоија Купот на кралот и ја освоија Лигата на шампионите во сезоната 2014/15, како и Суперкупот на Европа.
Последната работа на Енрике беше во репрезентацијата на Шпанија. На Светското првенство во 2022 година, неговиот тим загуби од Мароко (0:0, пенали – 0:3) во осминафиналето. По неуспешниот настап, Луис Енрике поднесе оставка.
Медиумите на Островот во последните недели пишуваат дека е можно дури и Жозе Мурињо да се врати на „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Спорт
Азар се повреди по 18. пат откако е во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека Еден Азар е повреден. За поранешниот играч на Челзи, ова е 18. повреда во Реал, во 2019 година.
За повредата на Азар, Реал се огласи со кратко соопштение, пред натпреварот со Мајорка кој го загуби со резултат 1:0.
„По денешните тестови во медицинскиот центар на Реал, на Еден Азар му беше дијагностицирана пателарна тендинопатија на левото колено и ќе биде под натамошна опсервација“.
Азар беше еден од најдобрите играчи на Челзи, на 352 меча за „сините“ постигна 110 гола со 92 асистенции.
Кариерата му тргна по надолна линија откако се пресели во Шпанија.
На 73 натпревари во овие четири години тој постигна седум гола со 11 асистенции.
Неговиот медицински картон изобилува со повреди од различни типови, а оваа сезона на седум натпревари во сите натпреварувања постигна еден гол.
Неговиот договор истекува во 2024 година и се верува дека би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср.
Спорт
Проблем за Вориорс, се повреди Стеф Кари

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Стивен Кари ќе отсуствува од теренот поради повреда на коленото, соопшти денеска актуелниот шампион во НБА.
Кари се повреди во саботата вечерта кога се судри со Мекинли Рајт од Далас,во третата четвртина.
Голден стејт го доби тој натпревар со резултат 119:113. Тренерот на Вориорс, Стив Кер изјави дека вестите можеле да бидат полоши по магнетната резонанца.
„Мислам дека најважно е дека тој ќе биде надвор од терените некое време. Ќе направиме преоценка за неколку дена. А добрата вест е дека тој ќе се врати. Не знаеме точно кога, но тоа не е повреда ќе го оддалечи од тимот до крајот на сезоната. Ќе се врати оваа сезона и се надевам што е можно побрзо“, рече тој.
Најкорисниот играч на минатогодишното финале на НБА, поради повредата ќе го пропушти Ол-стар натпреварот, кој е закажан за 19.. февруари во Солт Лејк Сити.