Спорт
Марија Шарапова оди во пензија

Некогаш најдобрата тенисерка во светот Марија Шарапова (33) поради проблеми со повредите ќе стави крај на кариерата, објави „Њујорк Тајмс“.
Шарапова долго време се обидуваше да се врати во вистинската форма по суспензијата која ја доби поради допингот на Авастралија опен во 2016 година, но не успеа да се избори со повредите.
Во кариерата руската тенисерка освоила 36 титули, пет од нив се од грен-слем турнирите. Една е од ретките која во кариерата победила на сите гренд-слем турнири (Австралија опен (2006), Ролан Гарос (2008), Вимблдон (2004), Ју-Ес опен (2012, 2014). Има освоено и сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Од турнирите во кариерата заработила повеќе од 40 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Леверкузен на Дортмунд им го „украде“ Ечевери

Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица.
Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд.
Ечевери пристигна во Сити минатата година од Ривер Плата за 18,5 милиони евра. Тој се приклучи на тимот на почетокот на оваа година, но одигра само три натпревари.
Спорт
Јован Манев на заем во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25.
По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.
Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.
Foto/ nk-rijeka.hr
Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.