Контакт

Спорт

Марин во најлошиот тим на Челси: Ни ја продадоа приказната дека тој е „германски Меси“

Објавено пред

Многу играчи поминаа низ Челси, од моментот кога Роман Абрамович го купи клубот од „Стенфорд Бриџ“. Некои ги исполнија очекувањата, некои одиграа и подобро од прогнозите, а некои разочараа и не ги оправдаа своите трансфери, во еден од најдобрите клубови во изминатите 15 години.

dobivaj vesti na viber

„Сан“, на истекот на годината, состави тим од играчи кои најмногу ги разочарале фановите на „сините“.

Според овој извор најмногу разочарал поранешниот германски репрезентативец, Марко Марин.

„Кога доаѓаше во клубот ни ја продадоа приказната за „германскиот Меси“. За жал тој не може копачките да му ги врзе на Меси. Сега има 32 години и игра фудбал во Унгарија. Ни продадоа сон, на крајот од негов добивме само шест натпревари во Премиер лигата“.

Во формација 4-4-2, тимот составен од најлошите засилувања изгледа вака.

Кепа Аризабалага
Дел Орно, Богарде, Џилобоџи, Буларуз
Дринквотер, Бакајоко, Верон, Марин
Мората, Шевченко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Конте го напушти Тотенхем

Објавено пред

Италијанскиот стручњак Антонио Конте повеќе не е менаџер на Тотенхем. Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката која траеше 16 месеци.

dobivaj vesti na viber

Тотенхем моментално е четврти во Премиер лигата, но оваа сезона е елиминиран од сите куп натпреварувања.

Помошникот на Конте, Кристијан Стелини, ќе остане како главен тренер до крајот на сезоната, а ќе му помага екс-фудбалерот на Тотенхем, Рајан Мејсон.

„Ни остануваат уште 10 натпревари во Премиер лигата и продолжуваме да се бориме за пласман во Лигата на шампионите“, изјави Даниел Леви, претседателот на Тотенхем.

Тотенхем смени неколку менаџери по заминувањето на Маурисио Покетино во 2019 година, вклучувајќи го и Жозе Мурињо.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дончиќ со 40 поени, Далас повторно со „скап“ пораз

Објавено пред

Лука Дончиќ постигна 40 поени, но неговите Далас маверикс доживеаја уште еден удар во трката за плејоф, губејќи со 110:104 од Шарлот хорнетс, предводени од Гордон Хејворд, кој даде осум од своите 22 поени во последната четвртина.

dobivaj vesti na viber

Пи Џеј Вошингтон имаше 21 поен и 12 скока, а дебитантот Марк Вилијамс додаде 15 поени и 16 скока за Хорнетс (25-51), кои сега имаат три победи во последните четири меча. Дончиќ го заврши мечот со 40 поени, 12 скока и 8 асистенции за Маверикс (36-39), но во третата четвртина ја доби својата 16-та техничка грешка оваа сезона, што значи дека ќе има еден меч суспензија. Кајри Ирвинг имаше 18 поени, а Тим Хардавеј Јуниор се врати со 15 поени од клупата.

Маверикс повеќе од половина од своите поени ги остварија со своите 19 тројки, и во израмнет меч првпат дојдоа во водство на 5:44 пред крајот со тројката на Дончиќ за 92:90. Но, Хорнетс ги постигнаа следните шест поени за потоа да ја заддржат предноста за победа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Португалија и Италија со рутински победи против аутсајдери, Словачка со шок за БиХ

Објавено пред

Португалија и Италија стигнаа до очекувани победи во квалификациите за ЕУРО 2024 против далеку послаби противници.

dobivaj vesti na viber

Кристијано Роналдо даде два гола за да го продолжи одличниот скор против Луксембург за 6:0 победа на гости, додека Италија со 2:0 ја совлада Малта во нашата група Ц. Словачка пак, го уништи доброто расположение кај Босна и Херцеговина по победата над Исланд, совладувајќи ја со 2:0.

Во првиот меч на Роберто Мартинез на клупата на Португалија, Кристијано Роналдо беше стартер и го подобри својот неверојатен скор против Луксембург на 11 гола во 11 меча против европскиот аутсајдер.  Роналдо го отвори резултатот по само девет минути игра, за Жоао Феликс во 15. минута да зголеми на 0:2. Фуриозниот почеток продолжи во 18. минута со голот на Бернардо Силва, за Роналдо повторно да постигне гол во 31. минута. Во второто полувреме Отавио во 77. минута зголеми на 0:5, а Португалците промашија и пенал преку Рафаел Леао во 85. минута од мечот, за потоа фудбалерот на Милан да се поправи во 88. минута со убав гол.

„Аѕурите“ пак, не беа толку расположени за полнење на мрежата на Малта, но стигнаа до сигурни три поени. Матео Ретегуи постигна гол во втор натпревар едноподруго за Италија за водство по 15. минути игра, за Матео Песина во 27. минута зголеми на 2:0.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Малта – Италија 0:2
ГРУПА Х
Северна Ирска – Финска 0:1
ГРУПА Ј
Луксембург – Португалија 0:6
Словачка – Босна и Херцеговина 2:0

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Северна Кореја лансира нови ракети, американски носачи пристигнаа во Јужна Кореја

Северна Кореја утринава лансираше две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров,...

Домашен10 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија12 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт13 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет16 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион17 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија19 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија19 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија19 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија22 часа

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет23 часа

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија23 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет24 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија1 ден

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија1 ден

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет2 дена

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет2 дена

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ2 дена

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ2 дена

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија2 дена

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...