Спорт
Марио Гомез: Ноер на исто ниво со Меси

Поранешниот голгетер, Марио Гомез гостуваше во подкастот „Фразенмахер“ и зборуваше за својот живот и искуствата во неговата богата кариера, особено за неговиот соиграч во Баерн, голманот Мануел Ноер.
„За мене Ноер е на исто ниво со Меси! Не знам дали сите сфаќаме дека живееме со голман кој направи револуција во играта. Тоа ќе го разбереме дури по 20 години. На целиот свет му покажа дека ногата е важна колку и раката.“
Гомез кариера ја започна во Штутгарт, а кога во 2009 година беше прогласен за фудбалер на годината, премина во Баерн за рекордна сума од 30.500.000 евра. Тоа енормно им се исплатеше на Баварците, имаше импресивен улинок, на 174 натпревари постигна 113 голови и забележа 26 асистенции.
Потоа по четири сезони се пресели во Фиорентина, па во Бешикташ и Волфсбург за да ја заврши професионалната кариера во својот матичен клуб.
Гомез одигра 78 натпревари за Германија, постигна 31 гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Газдата на ПАО се закани дека ќе ја напушти Евролигата: Одиме во НБА или ФИБА

Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, сè уште не може да ги контролира емоциите по поразот од Анадолу Ефес (76:79).
Ефес направи брејк во „ОАКА“ и со 1:1 влегува во третиот натпревар на домашен терен во Истанбул.
Јанакопулос, не го прими добро овој неуспех, на неговиот тим. Нескротливиот гнев на сопственикот на Панатинаикос беше насочен кон Дејан Бодирога, претседателот на Евролигата, како и кон судиите. Јанакопулос „грмеше“ во камерата и се закани дека ќе ја напушти Евролигата.
„Во Грција има една изрека: „кога си фин, луѓето мислат дека си слаб“. Ние не сме слаби, верувајте ни, ние сме посилни од сите вас заедно. Погледнете нѐ. Го сакаш мојот потпис за следните 10 години? Еве го мојот потпис за следните 10 години. Играме сами во Евролигата. Одиме во НБА или одиме во ФИБА“, рече Јанакопулос.
Ги спомна Сретен Радовиќ, Илија Белошевиќ, Дамир Јавор, Саша Пукл, Урош Николиќ, Томислав Хордов.
Тој беше лут и поради победата на Олимпијакос, најголемиот ривал, над Реал Мадрид во Атина.
„Навистина не разбирам, клуб како Реал Мадрид, со толку многу историја, најмногу титули во Евролигата е прифатен еб..о лошо. .Браво, Дејан (Бодирога0“, рече Јанакопулос, меѓу другото.
Спорт
Ако се борите за опстанок во Примера, не ви треба Дарвин Мачис

Дарвин Мачис (32) е познато име на Пиринејскиот полустров, зад себе има респектабилна клупска и репрезентативна кариера.
Крилниот напаѓач на Ваљадолид има 52 настапи за репрезентација на Венецуела, додека по пристигнувањето во Европа играше за бројни клубови во Италија, Португалија и Шпанија.
Сепак, Мачис ќе биде запаметен е бројот на клубови со кои испадна од елитните рангови на шпанскиот фудбал во последователни сезони. Откако вчера Бетис го победи Ваљадолид со 5.1, клубот во сопствеост на Бразилецот Роналдо и математички испадна од Примера.
Тоа ќе биде трет клуб со кој Мачис испадна од Примера, а вкупно четврти пат по ред, земајќи предвид дека двапати испадна од лигата со Ваљадолид, а по еднаш со Гранада и Кадиз.
Спорт
Барселона без Левендовски и Балде во финалето против Реал

Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб.
Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот.
Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда, се враќа во тимот.
Финалето на Купот на Кралот ќе се одигра на „Ла Картуха“ стадионот во Севила, в сабота со почеток во 22 часот.