Контакт

Спорт

Марк Маркез со рекорд до пол-позицијата во Аргентина

Објавено пред

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

dobivaj vesti na viber

Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.

Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.

Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.

Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Иван Јуриќ ќе ја предводи Аталанта

Објавено пред

Аталанта потврди дека го ангажирала 49-годишниот хрватски тренер Иван Јуриќ. Хрватскиот стручњак потпиша двегодишен договор со „Ла Деа“, до 30 јуни 2027 година.

dobivaj vesti na viber

Искусниот 49-годишен тренер од Сплит во текот на целата своја кариера тренираше италијански клубови (Монтова, Кротоне, Џенова, Верона, Торино и Рома), сè додека не го презеде Саутемптон минатата сезона.

Сепак, тој не успеа да го задржи овој клуб во Премиер лигата. Тој беше отпуштен по 13 порази во 16 натпревари. Оваа сезона, Аталанта го заврши италијанското првенство на третото место зад Наполи и Интер.

На 1 јуни, клубот од Бергамо го потврди заминувањето на долгогодишниот тренер Џан Пјеро Гасперини, кој ја предводеше Аталанта од 2016 година. Гасперини ќе ја предводи Рома во новата сезона.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рафиња играч на сезоната во Ла Лига

Објавено пред

Ла Лига продолжува да ги наградува Каталонците. На ред, сосема заслужено дојде Бразилецот Рафиња.

dobivaj vesti na viber

Еден ден откако Ханси Флик беше прогласен за најдобар тренер на годината, а Ламин Јамал за најдобар играч под 23 години, Рафиња ја доби титулата најдобар играч во Ла Лига за сезоната 2024/25.

28-годишното лево крило победи во голема битка против девет други кандидати. Меѓу нив беа и тројца негови соиграчи: Ламин Јамал, Роберт Левандовски и Педри Гонзалез.

Меѓу кандидатите беа и тројца фудбалери од Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам. Исто така и Иско (Бетис) и Оихан Сансет (Атлетико Билбао).

Рафиња беше награден по незаборавната сезона со Барса во Ла Лига, во која постигна 18 гола и додаде 11 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Покрената е истрага против УЕФА

Објавено пред

Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција (CNMC) соопшти дека отворила истрага против УЕФА поради сомневања дека се обидела да ја ограничи конкуренцијата во европските фудбалски натпреварувања со спротивставување на проектот Суперлига.

dobivaj vesti na viber

„CNMC ја истражува УЕФА во врска со можното нарушување на конкуренцијата во организацијата на европските фудбалски натпреварувања“, се вели во соопштението на државниот орган.

Постапката е покрената по жалба од компанијата „A22 Sports Management“, главен промотор на проектот Европска суперлига. Во центарот на вниманието, меѓу другото, е договорот што УЕФА наводно го склучила со девет европски клубови со цел да ги спречи да организираат или учествуваат во алтернативни натпреварувања.

CNMC додаде дека истрагата вклучувала и „низа мерки“ што УЕФА наводно ги вовела за да ги принуди клубовите да се придржуваат до забраната, вклучително и закани за исклучување од нејзините официјални натпреварувања.

По прелиминарна анализа на достапните информации, CNMC наведува дека постојат „индикации за можни прекршувања на законот за конкуренција“, но нагласува дека отворањето на постапката „не го нарушува исходот од истрагата“.

Проектот Суперлига, кој првично беше поддржан од 12 клуба, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Барселона, беше претставен во 2021 година како алтернатива на Лигата на шампионите, но предизвика голем отпор од фудбалската јавност и меѓу навивачите.

Шест англиски клубови набрзо се повлекоа под притисок од домашните и европските институции, а потоа следеа и други.

Во мај 2024 година, шпанскиот суд пресуди дека ФИФА и УЕФА „злоупотребиле доминантна позиција“, потпирајќи се на претходна пресуда на Судот на правдата на Европската унија, кој утврди дека забраната за Суперлига е спротивно на европското право.

И покрај претходните неуспеси, идејата за алтернативно натпреварување беше оживеана кон крајот на 2023 година, кога „A22 Sports Management“, објави нов проект наречен “Unify League”, кој ќе вклучува 64 клуба распоредени во три лиги.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет1 час

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет2 часа

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија14 часа

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет16 часа

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ20 часа

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија23 часа

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија1 ден

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија1 ден

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет1 ден

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет1 ден

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет1 ден

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија1 ден

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура1 ден

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија2 дена

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија2 дена

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија2 дена

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија2 дена

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во...