Спорт
„Марка“ за Златната топка: Понижување за Европа
„Знаете ли што им е заедничко на Адријано 2004., Робињо 2007., Луис Суарез 2011., Алексис Санчез 2016. и Дани Алвес 2019 година? Сите тие ја освоиле Копа Америка, сите биле избрани за најдобри на турнирот. Ниту еден од нив не ја освоил Златната топка“, вака новинарот на „Марка“, Раул Варела, го започнува својот текст за вчерашното доделување на Златната топка.
Лионел Меси седми пат во кариерата ја доби наградата. Новинарите кои гласале за него, процениле дека игрите на Меси минатата сезона и освојувањето на Копа Америка се доволни за да го освои првото место пред Роберт Левандовски и Жоргињо.
„Европа се понижува. Откажете се од актуелниот поредок во светскиот фудбал, бидејќи вчера дознавме дека Копа Америка има поголема вредност од Европското првенство и Лигата на шампиони.
Не е важно ниту тоа што на листата на ФИФА, Јужна Америка има само пет репрезентации во Топ 20. Не е важно која лига е најтешка, очигледно е дека Уругавј, Парагвај, Чиле, Боливија, Еквадор, Колумбија и Бразил едно ниво погоре од Ливерпул, Баерн, Атлетико, Белгија, Англија или Шпанија“, пишува „Марка“.
„Титулите на Меси помалку вредат од титулите на Жоргињо. Меси постигна помалку голови од Левандовски, а немаше влијание врз тимот какво што имаше Карим Бензема. Што е следно? Во 2022 година најдобриот играч на Африканскиот куп да биде награден со Златна топка. Во ред е но има еден проблем. Меси не игра во тоа натпреварување“.
Лионел Меси ја освои Златната топка со 33 гласа повеќе од Левандовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

