Спорт
Маркез е повторно опериран, ќе паузира шест месеци
Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез е опериран во Мадрид. Шпанецот третпат ја оперираше коската во рамето. Тој се повреди на првата трка, во Мото ГП шампионатот, на 19 јули во Херез.
Неговиот тим соопшти дека на Маркез му била отстранета плочката и била поставена нова која треба подобро да ја спои скршената коска. Операцијата траела осум часа.
Извесно е дека рехабилитацијата ќе трае шест месеци, што значи дека тој ќе пропушти неколку трки во новата сезона, која ќе почне на 28 март 2021 година.
Марк Маркез има 27 години, во досегашната кариера осум пати бил светски првак, шест пати во „кралската класа“ и по еднаш во класата до 125 кубни сантиметри и Мото 2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пораз на Еурофарм Пелистер кај европскиот првак

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во шестото коло го забелажаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Македонскиот првак загуби кај Магдебург 36:26 (19:13).
И пред натпреварот беше дека Еурофарм Пелистер е тотален аутсајдер против актуелниот првак во Лигата на шампиони.
Играчите на Рубен Гарабаја се држеа во првата половина од првиот дел, а потоа домашниот тим започна да ја зголемува предноста, кој на 10 минути до крајот стана двоцифрена.
Кузмановски со шест и младиот Хаџиќ со четири гола беа најефикасни кајПелистер. Магдебург до шестата победа во исто толку натпревари го предводеше магнусон со десет голови.
Пелистер во наредната рунда, на 12 ноември ќе го пречека Пик Сегед.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
Спорт
(Видео) Го Ахед Иглс ја победија фаворизираната Астон Вила

Најголемото изненадување во првиот термин од 3. коло на Лига Европа дефинитивно го направи Го Ахед Иглс. Холандскиот преставник ја победи фаворизираната Астон Вила со 2:1.
Натпреварот на стадионот „Де Аделаршорст“ во Холандија започна лошо за домашниот тим. Во четвртата минута Гесанд погоди за водство на Астон Вила.
Во самиот финиш на првото полувреме по центашутот на Твихт, Сари успеа да избега од комплетната одбрана на премиерлигашот и го совлада голманот на Астон Вила.
Холанѓаните го комплетираа пресвртот во 61-та минута кога Дејл го совлада Емилијан Мартинез по втор пат.
Резултати: Бран – Ренџерс 3:0, ФЦСБ – Болоња 1:2, Фенербахче – Штутгарт 1:0, Генк – Бетис 0:0, Лион – Базел 2:0 и Салцбург – Ференцварош 1:3.
Спорт
(Видео) Шкендија со авто-гол го победи Шелбурн

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Шампионот на Македонија, Шкендија ја забележа првата, историска победа, во главната фаза во натпревар во организација на УЕФА. Во второто коло, во Конференциската лига, Шкендија го совлада Шелбурн од Република Ирска со 1:0 (0:0).
Важноста на дуелот го направи своето, Шкендија одигра претпазливо, на крајот среќно дојде до победата. Во меч без многу шанси, во кој гостите преку Мартин во 66-та минута ја погодија стативата, решавачки беше авто-голот на Берет во 92-та минута.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6yi532″,”div”:”rumble_v6yi532″});