Спорт
Маркињос титулта им ја посвети на Тијаго Силва, Ди Марија, Ибра, Кавани…
Маркињос, капитенот на ПСЖ беше еден од првите играчи кои пристигнаа во клубот во ертата на катарските газди. Бразилецот 13 години чекаше и дочека да го освои највредниот пехар во Лигата на шампионите.
Маркињос плачеше, но од тага во 2020 година кога во Лисабон, ПСЖ го загуби финалето од Баерн. Плачеше и во Минхен, овој пат од среќа, ПСЖ конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Го направи тоа на импресивен начин, го декласира Интер во финалето со 5:0.
„Тоа е мешавина од радост и сите емоции што ги живеевме заедно. Страдав, но пораснав со овој тим. Мислам на сите играчи кои дојдоа и си заминаа и не успеаја. Моите идоли, Тијаго Силва, Лукас Моура, Златан, Кавани, Ди Марија… Толку многу играчи беа тука, го заслужија тоа, а не успеаја. Денес дојдовме ние и го носиме пехарот дома. Мислам на сите навивачи кои беа со нас, оние на „Паркот на принцовите“ и низ целиот свет. Ве сакам, уживајте и ние ќе уживаме“, рече Маркињос и дополни.
„Ова е најдобриот ден во мојот живот. Моето семејство беше со мене и го живееше ова со мене. Ова беше голема цел. Кога дојдовме, никој не веруваше дека можеме да стигнеме до тука. Тоа се дванаесет години маки и страдања. Премногу ја ценам оваа титула, сега е наша и ја носиме дома. Многу сум среќен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хејс-Дејвис има рок од 24 часа
Американскиот кошаркар Најџел Хејс-Дејвис разгледува понуди од Европа.
МВП-то на Фајналфорот на Евролигата беше отпуштен во Милвоки и наскоро би можел да се врати на Стариот континент.
Тој ја одби понудата од Панатинаикос, а во меѓувреме доби од Хапоел од Тел Авив.
Се наведува дека има точно 24 часа да одговори на понуда вредна 10 милиони долари за договор од две и пол години.
Покрај споменатите клубови, се споменува и Фенербахче, кој, сепак, не може финансиски да се натпреварува со Израелците.
Хејс-Дејвис токму минатата сезона ја освои титулата во Евролигата со Фенер.
Спорт
Лапорта поднесе оставка за да може да поднесе нова кандидатура
Процесот на избор на нов претседател на Барселона официјално започнува овој понеделник, а тоа исто така значи дека најавената оставка на Џоан Лапорта стапи на сила. Од една едноставна причина – да се започне кампања за реизбор.
Барселона го објави ова во соопштение објавено пред неколку дена. Џоан Лапорта поднесе оставка од функцијата претседател за да може да започне кампања за реизбор.
Лапорта, со помош на неколку директори од клубот, ќе ја води неговата кампања, додека другата група, собрана околу Рафаел Јуста, ќе продолжи да го води клубот.
Гласањето за нов претседател е закажано за 15 март.
Лапорта ја започна кампањата главно со приказни кои треба да ги убедат сите дека без него клубот ќе биде проголтан од „црна дупка“.
Од студијата може да се види и дека, доколку биде реизбран, „Ханси Флик ќе има можност да остане во Барселона колку што сака“.
Ова може да се види во продолжувањето на договорот со Фермина, која се обврза на Барселона до 2031 година.
Кандидатите официјално ќе водат кампања од 6 до 13 март, а гласањето ќе се одржи на 15 март.
Клубот, како што беше објавено, ќе обезбеди пет гласачки места, во сите четири каталонски покраини – во Барселона, Жирона, Љеида и Тарагона. Дополнително гласачко место ќе има во Андора.
Гласањето по пошта, кое беше воведено за време на пандемијата на коронавирусот, нема да биде можно на овие избори.
Спорт
(Видео) Сега „случајот“ Карвахал го тресе Реал Мадрид
Реал Мадрид славеше на „Местаља“ во недела навечер со голотвите на Карерас и Мбапе и го задржа чекорот со Барселона. Наместо за триумфот, по натпреварот се зборува за капитенот на тимот, Дани Карвахал.
Иако целосно се опорави од повредата, капитенот не добива минути на теренот од тренерот Алваро Арбелоа. Според шпанските медиуми, Арбелоа и Карвахал едвај комуницираат.
Имено, по победата над Валенсија, Карвахал разговарал на теренот со новиот кондициски тренер, Антонио Пинтус. Иако деталите од разговорот не се познати, Карвахал бил видливо вознемирен од фактот што не играл, и наводно бил изненаден кога, при водство на Реал од 1:0, шанса доби Трент Александер-Арнолд, кој ги одигра своите први минути од почетокот на декември.
📻‼️ Estas son las imágenes a las que hace referencia @antonmeana en el #CarruselCanalla
👀🩹 @javiherraez: "El cuerpo técnico ve que CARVAJAL tiene el alta FÍSICA, pero no el alta COMPETITIVA"
📹📍 Grabado por @GuillermoRai_ desde Mestallapic.twitter.com/sh4BgvbZPJ
— Carrusel Deportivo (@carrusel) February 8, 2026
„Она што го гледам е дека тој се подобрува од ден на ден. Нема потреба да објаснуваме колку е важен за нас. Тој е референца за сите нас во Реал“, рече Арбелоа по натпреварот.
Треба да се додаде дека Арбелоа го турна во оган Давид Хименез, од младиот тим на Реал, во Валенсија, кого го познава од Кастиља, а кој неодамна доби шанса во поразот од Албасете.
Се шпекулира дека Арбелоа не сака ништо да остави на случајот, дека Карвахал е физички подготвен, но сè уште не е на потребното ниво по паузата поради повредата.
Карвахал е во последната година од договорот, сè уште не е познато дали ќе добие нов, а исто така е јасно дека по ваквите несогласувања, реално е тој да замине од клубот.
Foto/ depositphotos

