Контакт

Спорт

Маркос Љоренте одбил трансфер во Манчестер јунајтед

Објавено пред

Манчестер јунајтед испратиле конкретна понуда за играчот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте. „АС“, тврди дека на „Ванда Метрополитано“ пристигнала понуда од 80 милиони евра. Атлетико во 2019 година, на Реал за Љоренте, им платија 40 милиони евра.

Атлетико, како и многу други клубови, има финансиски проблеми, а остана и без дополнителни приходи поради елиминацијата од Лигата на шампионите.

Клубот, како што тврди овој извор, ја прифаќа понудата, меѓутоа Љоренте не сакал да се пресли во Премиер лигата.

26-годишниот Љоренте е најдобриот играч на Атлетико оваа сезона, тој е најдобриот асистент во Ла Лига. Досега во сезоната постигнал 10 гола и забележал 10 асистенции.

Љоренте неодамна изградил куќа во Мадрид, задоволен е од статусот што го има во клубот и поради тоа не го прифатил трансферот.

Задоволни од Љоренте се и во клубот, кој неодамна му ја зголеми платата.

Како сега стојат работите, Атлетико во летниот преоден рок ќе го продаде Саул Нигез, за кого најголем интерес покажале од Баерн Минхен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ново откриен вид на полжав наречен по Ѓоковиќ

Објавено пред

Ново откриена врста на полжав доби име по најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ. Новата врста на полжав е откриена во Црна Гора, од словачкиот биоспеолог, Јозеф Грего и професорот на универзитетот во Црна Гора, Валдимир Шешиќ.

Професорите решиле ново откриената врста на полжав да ја наречат „Травунијана Ѓоковиќи“.

„Травунијана Ѓоковиќи е една од најинтересните врсти која ги населува подземните делови на стеновитите предели во Црна Гора. Ова е една од најретките врсти во светот. Единствена е како што е единствен Новак Ѓоковиќ“, рекол професорот Пешиќ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Намалена казната на Колман – главниот фаворит на 100 метри сепак нема да оди во Токио

Објавено пред

Судот за спортска арбитража му ја намали суспензијата на американскиот спринтер Кристијан Колман, но тој сепак нема да може да учествува на Олимписките игри во Токио.

Во моментот најбрзиот човек во светот, поради непочитување на антидопинг-правилата, доби двегодишна суспензија. Во петокот Судот за спортска арбитража делумно ја прифати неговата жалба и му ја намали суспензијата на шест месеци.

Казната Колман ја доби бидејќи во рок од 12 месеци трипати бил недостапен за луѓето од светската антидопинг-агенција (ВАДА).

Колман ќе може да се натпреварува од ноември, што значи дека ќе ги пропушти Игрите во Токио.

Американецот требаше да биде најголемиот фаворит за златниот медал на Олимписките игри. Тој на Светското првенство во Доха во 2019 година 100 метри истрча за 9,76 секунди.

Прикажи повеќе...

Спорт

Драган Бајиќ ќе биде новиот селектор на Македонија?

Објавено пред

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија, во понеделник, ќе на јавноста ќе и го претстават новиот селектор на националниот тим. Изминатиот период Македонија ја предводеше Александар Тодорв, но тој ќе замине откако не успеа да избори пласман на Европското првенство.

Додека во Федерацијата го чуваат името на новиот селектор во тајност, во јавноста се шпекулира дека наследникот на Тодоров ќе биде актуелниот тренер на Игокеа, Драган Бајиќ.

Овој 47-годишен тренер, во досегашната кариера која ја започнал пред 14 години работел само во Игокеа. Исклучок е 2015 година која ја мина во Черно море, Бугарија.

Бајиќ со својот тим, оваа сезона во АБА лигата постигнува одлични резултати. Доколку ен се случат големи изненадувања, до крајот на регуларниот дел од сезоната, Игокеа, заедно со Будуќност, Црвена звезда и Цедевита Олимпија ќе игра во плејофот за титулата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Нови 908 заболени и 31 починат од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 367,...

Македонија15 минути

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија2 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија3 часа

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет4 часа

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа5 часа

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион6 часа

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија6 часа

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион6 часа

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија7 часа

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа20 часа

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија23 часа

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија1 ден

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Европа1 ден

Фон дер Лаен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, е обвинета за кршење на дипломатскиот протокол како одговор на поканата на...

Македонија1 ден

Кинеските вакцини ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство најави дека на 28 април во земјата ќе стигнат 200 илјади кинески вакцини додавајќи дека потврдата ја...

Регион1 ден

Објавен нон-пејперот што го потресе регионот: предлози за нови граници на Балканот

Словенечкиот портал „Нецензурирано“ го објави нон-пејперот, односно неофицијалниот дипломатски документ за новите поделби на територијата на поранешна Југославија. Документот, кој...

Регион1 ден

Борисов ја достави оставката пред Националното собрание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, утрово ја достави оставката пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министрите,...

Европа1 ден

Две години од пожарот во „Нотр Дам“ – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата „Нотр Дам“ во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во...

Свет1 ден

Тела на четири деца пронајдени по пожар во куќа во Русија

Телата на четири деца се пронајдени по избувнувањето пожар во приватна куќа во село во регионот Свердловск во Русија. Во...

Македонија1 ден

Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска, почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку vakcinacija.mk или преку матичните лекари....

Досие