Спорт
Мартинез го цени Јамал, но не сака да чуе за споредба со Меси
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, беше запрашан пред натпреварот со Барселона дали Ламин Јамал е толку важен за Каталонците како што некогаш беше Лео Меси.
„Нема споредба со Лео, бидејќи тој според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња и секогаш ќе биде. Јас дури и нема да правам таква споредба. Можам само да кажам дека Ламин е многу важен играч. Сите го знаеме тоа. Тој е толку млад и веќе придонесува многу. Освои важни трофеи со репрезентацијата. Заслужува поголема почит бидејќи е одличен играч“, рече Мартинез.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ќе се игра во Барселона од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Гризман го постигна можеби најубавиот гол во кариерата
Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен.
Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат пречката и стативата. Голманот на Депортиво остана закопан на гол-линијата и со поглед ја испрати топката во мрежата.
Голоот можете да го погледнете Тука:
„АС“, во денешното издание вака ја коментира големата мајсторија на Гризман.
„О, ла ла! Гризман постигна еден од најспектакуларните голови во неговата кариера! Французинот направи брилијантен потег. Тој изведе извонреден слободен удар и постигна златен гол.“
Ова е 10-от гол на Гризман во 28-от натпревар оваа сезона. Неговите бројки во Атлетико се спектакуларни. Тој одигра 473 натпревари, постигна 208 и намести 94 гола.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Аматер освои милион долари во Мелбурн
Аматерот, Австралиецот Џордан Смит го освои „One Point Slam“ во Мелбурн.
Смит, кој ја претставуваше тениската академија „Касл Хил“ од Нов Јужен Велс, во финалето ја победи Џоана Гарланд, 117-та тенисерка во светот.
Во натпреварот за трофејот, Гарланд одлучи да сервира, но потоа ја „предаде“ бекхендот, на општо задоволство на „Род Лејвер Арена“.
На патот до финалето, Смит го елиминираше и Јаник Синер, откако Италијанецот направи грешка при сервисот.
The world number two beaten by a local amateur! 👏
Jordan Smith's upset is what the 1 Point slam can provide, driven by @kiaaustralia pic.twitter.com/g7PHNf3G4G
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 14, 2026
За победата на овој турнир, Смит освои точно еден милион австралиски долари.
Инаку, тој почнал да игра тенис кога имал само три години, едно време се натпреварувал против Камерон Нори и Саша Зверев во јуниорската конкуренција, но никогаш не играл во сениорската.
29-годишникот го обезбеди своето место во главната ждрепка преку квалификацискиот турнир. Покрај овој милион долари, тој заработи уште 50.000 благодарение на пласманот во главната ждрепка.
На ждрепката имаше навистина врвни играчи. Покрај Синнер, тука беа и Карлос Алкараз, Саша Зверев, Ник Кирјос, Данил Медведев, Ига Швјонтек, Наоми Осака…
Учествуваа точно 64 натпреварувачи, секој натпревар се играше за еден освоен поен, со оглед на тоа што професионалците имаа еден, а аматерите два обиди на сервисот.
Foto/ EPA
Спорт
Јувентус се распрашува за Мазрауи
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.
„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.
Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.
Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.
Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.

