Спорт
Мартинез: Во вториот дел со мислите бевме во финалето
Белгија не успеа да се пласира во финалето во Лигата на нации. Белгијците против Франција испуштија предност од 2:0 по првото полувреме. Французите на крајот славеа победа 3:2, со голот на Тео Ернандез постигнат во 90. минута.
„Првото полувреме беше фантастично. Игравме со многу самодоверба. Во второто не беше добро, премногу со мислите бевме во финалето. Мислевме дека веќе се пласиравме таму. Дозволивме Франција да се врати во мечот и да нè победи“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
„Ужасно е кога ќе загубиш на ваков начин. Тешко може да се прифати ваков пораз. Сепак мораме да се насочиме кон натпреварот за третото место, против Италија, и на наредните квалификациски натпревари. До Катар има уште 13 месеци, секој натпревар е шанса да се подобриме“.
Белгија против Италија ќе игра в недела, во Торино, од 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чави: Реал не е мртов, туку е фаворит за шампионската титула

Барселона ја совлада Севиља со 3:0 во дербито на Примера и по поразот на Реал Мадрид од Мајорка сега на табелата има осум бодови повеќе од најголемиот ривал.
Каталонците блескаат во овогодинешниот шампионат. Загубија само еден натпревар и примија вкупно седум гола на 20 натпревари.
Тренерот на Барселона, Чави, не дозволува тимот да влезе во еуфорично располоѓение, истакнува дека се уште ниѓто не е готово.
„Осум бода се голема предност, но се уште не сме освоиле ништо. Реал може да победи секого, и не заборавајте дека тие треба да дојдат на Камп Ноу“.
Чави смета дека Реал се уште е најголениот фаворит за освојување на титулата.
„Реал е мртов? Нема шанси. Толку пати докажаа дека се способни да направат голем камбек. За жал, тоа го доживеав како играч и не би сакал да го доживеам тоа сега како тренер. Без разлика на нашата предност, фаворит за освојување на Ла Лига е Реал. Затоа што е актуелен шампион на Шпанија и Европа. Ние сме кандидати за титулата“, заклучи Чави.
Спорт
Матеус: Ноер не треба да биде капитен на Баерн

Мануел Ноер неславно може да ја заврши кариерата во Баерн. Пред нешто повеќе од еден месец тој на скијање ја скрши ногата, поради што ја заврши сезоната,а минатат недела го критикуваше клубот, поради отказот што го доби тренерот на голманите и негов голем пријател, Тони Топаловиќ.
Легендата на Баерн, Лотар Матеус е последниот човек поврзан со клубот кој јавно го нападна Мануел Ноер поради контроверзното интервју што го даде пред неколку дена.
Еден од најголемите асови на светскиот фудбал, смета дека Баерн треба да му ја одземе капитенската лента.
Германскиот голман во последните денови беше жестоко критикуван од челниците на клубот Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан.
Ноер, ја нарече „луда“ одлуката на клупските челници кои неодамна му врачија отказ на долгогодишниот тренер на голманите, Тони Топаловиќ.
„Прво скијаше лежерно, а сега дава интервју во кое жестоко го напаѓа клубот. Нели пред неколку недели рече дека никој не е над клубот“, рече Матеус, кој смета дека, Ноер му нанел „голема штета“ на клубот и поради тоа не ја исклучува можноста, Баерн да се ослободи од Ноер „можеби дури и засекогаш“.
„Она што најмногу ме загрижува за интервјуто на Мануел е што очигледно не размислувал кога ги бирал зборовите“, заклучил Матеус.
Спорт
Обвинение против Манчестер сити, можно е одземање бодови

Манчестер сити, актуелниот англиски шампион, во минатото работел спротивно на правилата. Како што објави Премиер лигата на својата веб-страница, Манчестер сити ги прекршил финансиските прописи, покажала истрагата на независната финансиска комисија.
Клубот се товари за финансиски прекршоци од сезоната 2009/2010 до сезоната 2017/2018.
Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерите и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите на Премиер лигата.
Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелниот шампион оваа сезона би можело да му бидат одземени неколку бода, што автоматски би го исфрлило од трката за титулата.
Манчестер сити веќе имаше забрана во 2020 година кога не можеше да донесе играчи две години, но арбитражната комисија ја поништи оваа одлука. Тогаш проблематично беше финансиското работење во периодот 2012-2016 година.
BREAKING: Man City charged by Premier Leaue with numerous breaches of financial rules following a four-year investigation.
This is unprecedented: pic.twitter.com/ZGzdX210qP— Martyn Ziegler (@martynziegler) February 6, 2023