Спорт
Мастерклас на Маркез на дождот во Мизано, катастрофа на Мартин
Осумкратниот светски шампион Марк Маркез го забележа својот втор последователен триумф, откако на претходниот чекаше 1.043 дена. Шпанецот во хаоточната трка победи на Големата награда на Сан Марино и Римини, 14-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.
По победата во Арагон, со која го заврши својот речиси тригодишен пост, возачот на Гресини беше најдобар во променливите услови на патеката „Марко Симончели“.
Интересно, последниот триумф пред оној од пред седум дена го забележа во Мизано во октомври 2021 година.
Маркез славеше пред бранителот на титулата Франческо Бања, кој заостана три секунди, додека на третото скалило на подиумот беше вториот фабрички возач на Дукати, Енеа Бастијанини.
Покрај неверојатниот триумф на шпанскиот мотоциклист, првата од двете трки во Мисано ја одбележа и катастрофална грешка на лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин и неговиот тим.
Шпанецот беше на второто место кога дождот се засили и наместо да го следи она што ќе го направи во тој момент водечкиот Бањаја, тој замина во боксот на промена на мотоциклот, а кога се врати на патеката губеше повеќе од секунда по сектор. И на крајот мораше да се врати на својот оригинален мотоцикл и да се задоволи со 15-то место и еден бод.
Ваквиот исход значи дека Мартин, сега на чело на генералниот поредок има само седум бода повеќе од Бањаја, 53 повеќе од Маркез и 62 повеќе од Бастианини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Новак е Роналдо, Федерер е Меси“
Патрик Муратоглу, еден од најпознатите тениски тренери, ги спореди Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со фудбалските великани, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Французинот смета дека Федерер е како Меси, природен талент, додека Ѓоковиќ е како Роналдо кој постигна многу со напорна работа.
„Вчера разговарав со пријател и се согласивме дека Федерер е како Меси, а Ѓоковиќ како Роналдо“, вели Муратоглу и додава.
„Зошто? Затоа што Федерер е чист талент и потребно е да го почувствува тоа што го прави. Од друга страна, Ѓоковиќ е супер работник кој внимава на секој можен детал”, вели Муратоглу.
Како и да е, Ѓоковиќ во текот на кариерата го надмина Швајцарецот во речиси сите можни категории.
Новак има четири Грен слем титули повеќе од тенисерот од Базел кој се повлече од тенисот во септември 2022 година.
Ѓоковиќ сезонава е без титула на АТП, има злато од Олимписките игри, а игра и на Мастерсот во Шангај кој го освои четири пати.
Спорт
Со селфи од брзата помош Карвахал потврди дека ги скинал лигаментите
Реал го победи Виљареал со 2:0 во дербито од 9. коло во Примера, но победата има горчлив вкус поради повредата на Дани Карвахал.
Десниот бек на Реал во 92.минута го повреди коленото, на носилки беше изнесен од теренот.
Околу 2 часа по полноќ, Каравахл на Инстаграм објави селфи од брзата помош и ги потврди црните прогнози.
„Потврдена ми е тешка повреда на вкрстените лигаменти. Морам да одам на операција и нема да играм неколку месеци. Со нетрпение очекувам да почнам да закрепнувам и да се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките“.
Карвахал е позитивен и покрај се, но оваа повреда обично значи долго отсуство од терените, кое трае приближно осум до десет месеци. Тоа значи дека неговата сезона е практично завршена.
Ова е огромен удар за Реал бидејќи Карвахал е незаменлив на позицијата десен бек.
Негова замена е Лукас Васкез, но освен него Реал нема ниту еден десен бек. Шпанските медиуми пишуваат дека поради ова сигурно е дека Реал ќе мора да реагира во зимскиот преоден рок.
Спорт
Бањаја победи во Јапонија, Мартин стартуваше 11. заврши втор
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, триумфираше на Големата награда на Јапонија, 16.трка во Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за неговата прва победа на патеката Мотеги во кралската класа, и негова осма во сезоната. Најблиску до Бањаја беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Шпанецот возеше неверојатна трка која ја започна од 11.место. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Гресини, Марк Маркез.
Ваквиот исход значи дека Бањаја ја намали разликата во однос на Мартин на 10 поени, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Бањаја на стартот го мина Педо Акоста кој стартуваше од пол-позицијата, додека Мартин направи пробив и по само неколку свиоци од 11. дојде до четвртото место.
Возачот на Гас Гас, Акоста се задржа на втората позиција, а потоа излета во четвртиот круг, се врати во трката, но се повлече во 15. круг.
Тогаш Мартин стигна до второто место, во еден момент дојде на седум десетинки од Бањаја, но во ниту еден момент не можеше да му се закани. Бранителот на титулата го зголеми темпото на половина од трката,
Мартин во финишот заостануваше секунда и пол зад Бањаја
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија од 18 до 20 октомври.