Спорт
Матеус удри по Борусија Дортмунд: Испаднавте од третокласен тим

Легендарниот Германец, Лотар Матеус, жестоко удир по Борусија Дортмунд, поради елиминацијата од Глазгов Ренџерс во Лига Европа.
Матеус и претходно, во своите колумни, го критикуваше тимот од „Вестфален“. Тој порачал дека Борусија од трета класа екипа испаднале од Лига Европа.
„Навистина Борусија ми е драг тим. Тоа е голем клуб, има се што еден фудбалер или навивач можат да посакаат. Имаат добро раководство, навивачите се едни од најдобрите во светот…Но што последно направија? Тројна круна составена од срамни неуспеси: прво во Лигата на шампионите, па во Купот на Германија и сега во Лига Европа“, рекол Матеус.
„Испаднаа од третокласен тим, од Глазгов Ренџерс. Неверојатно. Ренџерс во првенството на Шкотска се зад Селтик, а тие испаднаа од Бодо Глимт. Дортмунд се изрезилија на сите фронтови. Се сонмевам дека Ренџерс, Спортинг и Санкт паули ја имаат економската моќ на Борусија, но тие сепак испаднаа од нив. Можеби на Борусија и треба нов почеток“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Двајца искусни возачи се поврзуваат со Кадилак Ф1

Новиот тим на „Кадилак Ф1“ сè уште не го потврдил составот на возачи за својата дебитантска сезона. Според најновите информации, во игра се двајца возачи со големо искуство и победничко педигре.
Во 2026 година, „Џенерал моторс“ ќе влезе во Формула 1 како 11-ти тим под луксузниот бренд „Кадилак“.
Дебито ќе се случи во моментот кога ќе стапат во сила новите технички правила, а проектот е заеднички потфат помеѓу „Џенерал моторс“ и „ТВГ“.
Греам Лоудон беше назначен за шеф на тимот, додека во меѓувреме беа донесени голем број искусни лица од други тимови на Ф1. Иако составот на возачи сè уште не е потврден, медиумите споменуваат неколку можни кандидати.
Највисоко на листата котираат имињата на поранешните возачи на Мерцедес и Ред Бул: Серхио Перез и Валтери Ботас. Исто така со новиот тим се поврзуваат Мик Шумахер, Џоу Гуанју и Фелипе Другович, како и американските возачи Зак Крофорд и Колтон Херта.
Спорт
Драмата продолжува – Исак повеќе не сака да игра за Њукасл

Незадоволството на Александер Исак прерасна во „војна“ со Њукасл јунајтед. Швеѓанецот повеќе не сака да го носи дресот на клубот чии член е од 2022 година, кога „страчките“ на Реал Сосиедад му платија 70 милиони евра.
Александер Исак е лут што Њукасл одбива да преговара со Ливерпул и покрај понудата од 130 милиони евра. Напаѓачот најпрвин одби да тренира, не беше на претсезонската турнеја, а сега порачал дека не сака да игра за клубот и по цена да ја пропушти целата сезона.
Њукасл бара обесштетување од 150 милиони евра за Исак.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Левандовски: Борусија не ми дозволи трансфер во Манчестер јунајтед

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е сè уште еден од најдобрите голгетери, иако се приближува кон својата петта деценија. Тој игра елитен фудбал веќе деценија и пол, а откри, дека во минатото бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“.
Полјакот ги тресе мрежите во Шпанија, како што тоа го правеше во Германија. Според сопственото признание, во 2012 година бил пред трансфер во Манчестер јунајтед.
– Им реков „да“ вистина е. Но, Борусија не сакаше да ме продаде, мислеа дека ќе вредам повеќе за година или две – рече Левандовски.
Иронијата на судбината сакаше Левандовски навистина да го напушти Дортмунд две години подоцна. Но, тој отиде во Баерн како слободен агент, па Борусија не доби ниту цент од трансферот.
– Можеби малку жалам што не се обидов во Премиер лигата, но кога ќе се осврнам назад, играв за Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд и можам да кажам дека сум задоволен од мојата кариера.