Спорт
Матиќ: Србија не може да се споредува со Хрватска

Поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ зборуваше во емисијата „(Не)успех на шампионот“, со Марио Станиќ на ТВ „Арена спорт“.
Репрезентацијата на Србија доживеа неуспех на мундијалот, на кој замина со големи амбиции. Србија во Катар беше елиминирана во првата фаза.
Сето ова го анализира поранешниот репрезентативец, а сега играч на Рома, Немања Матиќ.
„Ние (Србија) вршиме притисок, но немаме основа за тоа. Велиме дека сме најдобри… Зошто сме најдобри, од кого сме подобри? Бев малку критикуван кога во едно интервју кажав што мислам кога Србија ја споредуваат со Хрватска.
Пред СП во Русија кажав дека Хрватска и Србија не може да се споредуваат бидејќи во тој момент имавме тројца играчи на врвно ниво, а хрватската репрезентација имаше десет. Ракитиќ беше во Барселона, Лука во Реал, Ковачиќ во Реал, Перишиќ во Интер, Манџукиќ во Јувентус.
Имавме двајца играчи на врвно ниво, а сите други играа во некои помали клубови со просечен квалитет. Премногу ги притискаме играчите кои се уште не се подготвени за тоа. Не може некој што игра во Торино да се справи со притисокот како што тоа го прави Модриќ кој постојано игра на врвно ниво и кој постојано освојува трофеи. Србија мора да ги намали тензиите пред големите натпреварувања“, потенцира Матиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четирикратниот олимписки шампион го сруши светскиот рекорд во Сингапур

Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур.
Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка.
Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда.
Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток.
Фото: принтскрин
Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот: