Спорт
Матиќ во дилема, Атлетико или Интер

Атлетико Мадрид и Интер ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да ги обезбедат услугите на српскиот репрезентативец Немања Матиќ, тврди „Тајмс“.
Матиќ оваа сезона речиси и да не доби шанса во Манчестер јунајтед кога се во прашање натпреварите во Премиер лигата. Менаџерот Оле Гунар Солскјер го користеше во мечевите во Лига Европа, односно Лига и ФА-купот.
Атлетико Мадрид смета дека тој со своето искуство би бил идеално засилување за нив. Голема предност на Матиќ е што може да биде регистриран за натпреварите во Лигата на шампионите.
Покрај Атлетико, Србинот во своите редови го посакува и тренерот на Интер, Антонио Конте. Матиќ и Конте во минатото соработуваа во Челси.
Интер има добра соработка со Манчестер јунајтед поради што се надеваат дека ќе успеат да го реализираат трансферот.
Минатото лето од Јунајтед на „Џузепе Меаца“ се преселија Ромалу Лукаку и Алексис Санчез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Меси го обвини судијата за ремито против Колумбија

Во натпревар полн со тензии, одигран в квалификациите за пласман на Светското првенство, Аргентина и Колумбија ги поделија бодовите (1:1).
Главните актери на теренот се бореа во жесток ритам, а по последниот судиски свиреж, кон главниот судија реагираше капитенот на Аргентинците, Лионел Меси. Имаше да му каже многу работи на судијата Хуан Габриел Бенитез од Парагвај.
„Ти си виновен за сè. Твоите одлуки направија хаос“, му рекол Меси на судијата.
Прекините, грубите стартови и растечката тензија меѓу играчите легендарниот капитен ги припиша на лошото судење.
Дополнителна драма донесе црвениот картон за Енцо Фернандез во 70-та минута. Сепак и со фудбалер помалку успеаја да постигнат гол Аргентинците и да освојат бод. Стрелец беше Тијаго Алмада.
Enzo Fernández red card incident. Surely not on purpose but because it's a high boot on someone's head, ref goes for a red.
— Luis Mazariegos (@luism8989) June 11, 2025
Kevin Castaño after the foul by Enzo Fernandez… Enzo received a red card and Castaño was subbed off. 😳🤕 pic.twitter.com/IwWQZYxD3W
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) June 11, 2025
Меси, кој неодамна се врати од повреда, беше заменет во 78-та минута и доби овации од навивачите на стадионот „Монументал“ кога го напушти теренот.
Спорт
Минесота и Хјустон не му дозволија на Њујорк да преговра со нивните тренери

Њујорк Никс побараа дозвола од Минесота и Хјустон да разговараат со нивните тренери Крис Финч и Име Удока. Тимбервулвс и Рокетс го одбија барањето.
Меѓу главните кандидати за замена на неодамна отпуштениот Том Тибодо на клупата на Никс беше тренерот на Далас, Џејсон Кид. Њујорк сè уште не побарал дозвола да разговара со Кид, но познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија синоќа објави дека Маверикс исто така ќе ги одбијат Никс доколку го поднесат барањето.
На 3. јуни, Никс го отпуштија Тибодо, кој оваа сезона ги одведе до финалето на плејофот во Источната конференција за прв пат од 2000 година.
Со тимот на Хјустон, Удока успеа да стигне до резултат од 52победи и 30 порази оваа сезона и второ место на табелата во Западната конференција по регуларниот дел од натпреварувањето. Претходно беше тренер на Бостон, со кого стигна до финалето на плејофот на НБА во 2022 година.
Финч го предводеше тимот на Минесота до финалето на плејофот на Западната конференција оваа и минатата сезона. Тимбервулвс загубија од Оклахома оваа година, додека минатата сезона беа поразени од Далас, предводен од Кид од клупата.
Спорт
Бетис има план како да го врати Антони

Бразилецот Антони, блесна во како позајмен играч во Бетис оваа полусезона, минатата недела се прости со клубот од „Бенито Виљамарин“. Антони се уште е под договор со Манчестер јунајтед, тој се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека таму нема да биде во новата сезона.
Антони, од јануари па до крајот на сезоната, беше еден од клучните играчи на Бетис, со девет гола и пет асистенции во 25 настапи. Беше еден од најзаслужните за пласманот на клубот во историското европско финале на Конференциската лига и шестото место во Ла Лига.
Иако се збогува со Бетис, се чини дека шпанскиот клуб ќе се обиде да направи сè што може за да го задржи.
Челниците на Бетис ќе му предложат на Јунајтед, договор според кој Антони уште една сезона би настапувал како позајмен играч и со опција потоа да го откупи неговиот договор за 50 милиони евра.