Спорт
Матиќ заминува од „Олд Трафорд“

Немања Матиќ во зимскиот преоден рок ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Српскиот репрезентативец не е плановите на менаџерот Солскјер, во првите четири кола во Премиер лигата тој одигра само 23 минути.
Матиќ во првите три кола воопшто не играше, минутите ги запиша во мечот со Саутемптон. Поради тоа, а и бидејќи не добил понуда за продолжување на договорот тој се подготвувал да замине од „Олд Трафорд“.
„Не се согласувам со мислењето на тренерот дека не заслужувам место во првиот состав. ССепак тренерот е тој што одлучува, тој и ќе се соочи со последиците за лошите резултати“, изјавил неодамна Матиќ.
Според медиумите на Островото следна дестинација на Матиќ ќе биде италијанската Серија А. Наводно интерес за него покажувал тренерот на Интер Антонио Конте. Оваа информација треба да се прими со резерва бидејќи Матиќ во ерата на Конте од Челси се пресели во Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.